политика

Хан во Скопје: „Референдумот е можност која се нуди еднаш во животот“

На прес-конференцијата со премиерот Заев, Хан укажа на референдумот, кој, како што рече, го претворил Скопје во една дестинација на највисоките претставници на Западот, што покажува во колкав размер е прифатен Договорот меѓу Македонија и Грција

Bekim Laci  | 18.09.2018 - Обновена : 19.09.2018
Хан во Скопје: „Референдумот е можност која се нуди еднаш во животот“ Bekim Laci/АА

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Референдумот на 30 септември е една посебна можност за граѓаните на Република Македонија, бидејќи ја определува нивната иднина, и претставува можност која се нуди еднаш во животот, порача еврокомесарот Јоханес Хан, по средбата со премиерот на Република Македонија, Зоран Заев во Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).

На заедничката прес-конференција со премиерот Заев, Хан укажа на референдумот кој ќе се одржи на 30 септември, и кој, според него, го претворил Скопје во една дестинација на највисоките претставници на Западот, што покажува во колкав размер е прифатен Договорот меѓу Македонија и Грција.

„Имаме многу конфликти во светот кои траат веќе подолго време, и овој референдум е една ретка можност за еден од тие конфликти веројатно да биде решен наскоро, затоа е високо ценет од страна на меѓународната заедница, и служи како поттик за другите дека ’замрзнатите конфликти‘ може да се решат, доколку постои заложба и лидерство“, нагласи Хан, додавајќи дека ефектите од Договорот ќе имаат влијание и надвор од границите на ЕУ.

„На 30 септември имате една посебна можност да ја определите вашата иднина. Ова е една можност која се нуди еднаш во животот. Одлуката ќе има ефект врз граѓаните, нивните деца и врз идните генерации кои сѐ уште не се родени“, рече Хан.

Хан порача квалитетно информирање, особено на младите, бидејќи, според него, предизвикува загриженост фактот дека младите во ЕУ сѐ повеќе се воздржуваат од избори.

Премиерот на Македонија, Заев, информираше дека на 27 септември земјата ќе го започне скрининг процесот кој претставува влез во преговорите за членство во Европската Унија (ЕУ), кои ќе започнат во јуни, за што рече дека моментално се вршат потребните реформи во клучните области, владеењето на правото, јавната администрација и во разузнавачката служба.

Премиерот на Македонија нагласи дека поддршката која ја добива земјата во оваа фаза, е добредојдена, бидеќи ја подготвува земјата за финалната фаза, односно за преговорите за полноправно членство во ЕУ.

„Граѓаните на Република Македонија никогаш не се почувствувале поблиски и подобредојдени во ЕУ отколку сега. Тоа чувство се издвои со својот интензитет со дадената можност да говорам во Европскиот парламент на свој мајчин, македонски јазик, како круна на заложбите на нашите искрени пријатели кои создадоа услови нашата земја да биде препознаена како една од следните која треба да го заземе местото во семејството на ЕУ“, истакна Заев, и додаде дека конечната одлука ќе биде на граѓаните на 30 септември.

Еврокомесарот Хан информираше и за вчерашната средба со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, истакнувајќи дека исто како Заев, и Мицкоски порачал дека референдумот не треба да се претвори во политички настан.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın