политика, Балкан

Средба Тачи-Османи: Договорот меѓу Грција и Македонија е добра вест за Косово

„Овој договор создава добра регионална клима и ја отвора евроатланската перспектива за балканските земји“

Zülfiya Yakup  | 19.06.2018 - Обновена : 20.06.2018
Средба Тачи-Османи: Договорот меѓу Грција и Македонија е добра вест за Косово Фото: Претседателство на Косово

Pristina

ПРИШТИНА (АА) - Вицепремиерот на Република Македонија, Бујар Османи, денес престојува во посета на Косово каде што беше примен од косовскиот претседател, Хашим Тачи, пренесува Anadolu Agency (AA).

По повод постигнатиот Договор меѓу Грција и Македонија за новото име на соседната земја, косовскиот претседател истакна дека добрите вести од Македонија се добри вести и за Косово.

„Овој договор создава добра регионална клима и ја отвора евроатланската перспектива за балканските земји“, рече претседателот Тачи.

Косовскиот претседател Тачи и вицепремиерот на Владата на Р. Македонија, Османи, исто така, говореа за актуелните случувања во Македонија, каде што албанските политички претставници играат позитивна улога во промовирањето на политичките и социјалните права, беше соопштено од Претседателството на Косово.

Во соопштението се наведува дека договорот меѓу Грција и Македонија се смета за најважен по Охридскиот договор.

Во рамките на посетата на Косово, вицепремиерот Османи оствари средба и со својот косовски колега Енвер Хоџај, на која во фокусот исто така бил договорот помеѓу Скопје и Атина, како и одржувањето на состанокот помеѓу Косово и Македонија од кој се очекува да произлезат над 15 потпишани договори за соработка, чиј датум треба наскоро да се утврди.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.