политика

Република Северна Македонија го зазеде местото на масата на НАТО

„Денеска е голем ден! Денеска го заземаме нашето место на масата на НАТО. Го оставаме минатото на изолација зад нас и зачекоруваме кон иднината како дел од семејството на Алијансата“, истакна Шекеринска

Ekipa  | 13.02.2019 - Обновена : 13.02.2019
Република Северна Македонија го зазеде местото на масата на НАТО AА/Архива

Skopje

СКОПЈЕ (АА) – Министерката за одбрана на Република Северна Македонија, Радмила Шекеринска, која учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво на министри за одбрана во Брисел, истакна дека денешниот ден е голем ден, бидејќи Република Северна Македонија го зазема своето место на масата на НАТО, пренесува Anadolu Agency (AA).

Шекеринска се огласи на Твитер по повод нејзината посета на Брисел, и за средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. 

Таа истакна дека ја има честа да биде првиот министер на оваа земја, кој ќе учествува на Северноатланскиот совет на НАТО. 

„Денеска е голем ден! Денеска го заземаме нашето место на масата на НАТО. Го оставаме минатото на изолација зад нас и зачекоруваме кон иднината како дел од семејството на Алијансата“, напиша Шекеринска на Твитер, информирајќи дека пред состанокот на Северноатлантскиот совет, се сретнала и со Столтенберг. 

„Поддршката и личното залагање на првиот човек на Алијансата, Јенс Столтенберг, во процесот на нашето пристапување во НАТО, за нас е од огромно значење“, додава Шекеринска. 

Исто така, Шекеринска во изјава за медиумите пред почетокот на состанокот истакна дека промените се можни дури и во еден многу напнат регион како Баканот, и истакна дека политиката на НАТО за отворени врати не е мит.

„Покажавме дека со нашето делување и со поддршката на сојузниците можеме да го промениме регионот и континентот кон подобро“, рече Шекеринска. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın