политика, Балкан

Претседателот Тачи го именуваше Авдулах Хоти за мандатар на новата Влада на Косово

Тачи соопшти дека Авдулах Хоти го именувал за кандидат за нов премиер веднаш по добивање на писмо од лидерот на ЛДК, Иса Мустафа, преку кое е информиран дека е исполнет критериумот за обезбедување парламентарно мнозинство за новата Влада на Косово

Agim Sulaj  | 30.04.2020 - Обновена : 01.05.2020
Претседателот Тачи го именуваше Авдулах Хоти за мандатар на новата Влада на Косово

ПРИШТИНА

Претседателот на Косово, Хашим Тачи на прес-конференција истакна дека го именувал Авудал Хоти од редовите на Демократската лига на Косово (ЛДК) како мандатар за формирање на новата Влада на Косово, јавува Агенција Анадолија (АА).

Тачи соопшти дека Авдулах Хоти го именувал за кандидат за нов премиер веднаш по добивање на писмо од лидерот на Демократскиот сојуз на Косово, Иса Мустафа, преку кое е информиран дека е исполнет критериумот за обезбедување парламентарно мнозинство за новата Влада на Косово.

Тачи нагласи дека по писмата испратени до претседателот на ЛДК, Иса Мустафа, како втора најголема партија од последните избори, денес добил писмо од претседателот на ЛДК, во кое Мустафа потврдил дека ги поддржува сите критериуми што преовладуват за формирање на новата влада, вклучувајќи го и обезбедувањето на парламентарното мнозинство.

„Информирам дека само што го декретирав почитуваниот Авдула Хоти како номиниран за нов премиер на Владата на Косово. Во наредните денови друга влада може да се изгласа во Парламентот на Косово, повторно во потполна согласност со Уставот на Косово и со демкратскиот поредок на нашата Република“, рече Тачи.

Тој истакна дека никој не може да претендира со нови методи, освен со уставни и законски, да ја одржи власта.

„Никој не може да претендира со други методи, целосно недемократски, да ја земе или одржи, или пак узурпира власта“, додаде Тачи.

Тачи порача и дека Владата на чело со премиерот Албин Курти кон крајот на март е срушена во Собранието на Косово со 2/3 гласови на пратениците, и дека потоа повеќето парламентарни партии се изјасниле за формирање на нова Влада.

Единствено Движењето „Самоопределување" на Албин Курти, кој на октомвриските избори минатата година победи, беше против формирање на новата Влада. Таа партија бараше по пандемијата да се одржат нови избори. Курти порача и дека по повод одлуката на претседателот мандатот за состав на новата Влада да се додели на друга партија, ќе се обрати до Уставниот суд.

Инаку, Демократскиот сојуз на Косово како второпласирана партија на изборите на 6 октомври постигна коалициски договор за формирање на нова Влада со Алијанса за иднина на Косово на Рамуш Харадинај, Социјалдемократската иницијатива на Фатмир Лимај и Алијансата Ново Ковосо на Беџет Пацоли. Се очекува и поддршка на Српската листа и повеќето пратеници на останатите малцински партии.

За изгласување на Владата потребно е просто мнозинство или 61 глас од 120 пратеници на Собранието на Косово.

Владата на премиерот Курти падна на барање на Демократскиот сојуз на Косово, коалицискиот партнер на Курти, на 25 март со двотретинско мнозинство во Собранието, по само 50 дена работа, поради смена на министерот од Демократскиот сојуз на Косово Агим Велиу и поради неукинувањето на таксите без воведување на реципроцитет на Србија, како што од Косово бараа Соединетите Американски Држави.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.