политика, Балкан

Претседателот на турскиот Парламентот, Шентоп, ја предупреди Северна Македонија за ФЕТО

„Не сакаме да ѝ наштетат на нашата пријателска и братска земја. Ова се организации подизведувачи на некои држави...“

Ekipa  | 21.12.2020 - Обновена : 22.12.2020
Претседателот на турскиот Парламентот, Шентоп, ја предупреди Северна Македонија за ФЕТО

СКОПЈЕ (AA) - Претседателот на Големото турско народно собрание, Мустафа Шентоп, предупреди за терористичката организација ФЕТО во Северна Македонија, каде што престојува во официјална посета по повод 21 Декември - Денот на наставата на турски јазик, и рече дека Турција не сака Северна Македонија да претрпи штета, и затоа сака да се направат чекори по ова прашање за кратко време, јавува Агенција Анадолија (АА).

- Шентоп: „Просперитетна Турција е гаранција за безбедноста, мирот и просперитетот на Балканот" -

- Шентоп: „Република Северна Македонија е држава која ги осигурува Балканот и Европа“ -

- Пендаровски, го прими претседателот на турскиот Парламент, Мустафа Шентоп -

- Претседателот на Собранието на РСМ, Џафери, оствари средба со претседателот на турскиот Пларламент, Шентоп -

- Претседателот на турскиот Парламент во Скопје ја отвори изложбата „Историска авантура на турското стрелаштво“ -

Претседателот Шентоп кој во главниот град Скопје се состана со премиерот Зоран Заев се заблагодари за срдечниот пречек и истакна:

„Тука сме со голема делегација. Тука се и нашите сограѓани и сродните заедници. Секогаш тука доаѓаме многу среќни. За жал епидемијата трае долго. Не сакаме тоа да ги наруши нашите односи.“

Наведувајќи дека Турција секогаш ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија, Шентоп истакна: „Сакам повторно да честитам за вашето членство во НАТО.“

Шентоп рече дека целта во обемот на трговската размена е 1 милијарда долари и додаде дека ќе го достигнат тоа и дека нема да дозволат епидемијата да го наруши тоа.

Подвлекувајќи дека ги охрабруваат турските бизнисмени да инвестираат во Северна Македонија, Шентоп истакна дека ги поддржуваат бизнисмените во секторот на одбраната, природниот гас и индустријата.

Тој исто така изјави дека Договорот за слободна трговија меѓу двете земји треба да се ажурира и дека тоа ќе го реализираат за кратко време.

Истакнувајќи дека очекуваат Северна Македонија да биде привлечен центар за образование, Шентоп истакна дека Меѓународниот балкански универзитет и турската Фондација „Маариф“ имаат направено чекори кон таа насока и дека со уште повеќе инвестиции ќе дадат голем придонес кон образованието во земјата.

Шентоп наведе дека историјата на човештвото може да се подели како пред и по епидемијата.

„Ние во овој процес инвестиравме во луѓето. Шејх Едебали, основач на нашата Османлиска држава Осман Гази го советувал на следниот начин: ‘Овозможи да живее човекот, за да живее државата‘. Ние оваа реченица до светот ја пренесуваме на следниот начин: ‘Овозможи да живее човекот, за да живее светот‘.

Претседателот на турскиот Парламент додаде дека во светот, кој е испреплетен, треба да има идеали за свет во кој ќе владее мирот, правдата и еднаквите права.

„Луѓето од различно етничко потекло во Северна Македонија живеат заедно во мир. Тоа треба да биде пример за светот“, нагласи Шентоп.

Истакнувајќи дека ФЕТО, која се обиде да изврши воен удар во Турција, е меѓународна терористичка организација, тој рече дека во секоја земја каде што дејствува, нејзината цел е државата.

Шентоп нагласи дека припадниците на ФЕТО ја покриваат секоја работа што ја извршуваат и додаде: „Не сакаме да ѝ наштетат на нашата пријателска и братска земја. Ова се организации подизведувачи на некои држави. Не сакаме и Северна Македонија да има штета, затоа сакам да се направат чекори по ова прашање за кратко време.“

- Заев: „Со Турција ќе направиме подобри работи“ -

Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, истакнувајќи дека Турција секогаш е најголемиот поддржувач на Северна Македонија, рече дека Турција не е само најголем пријател, туку исто така е и најголем инвеститор.

Нагласи дека со 1000 инвеститори Турција се наоѓа во првите редови, и додаде дека сакаат заедничката трговска зона што планираат да ја воспостават во Северна Македонија да ја именуваат како „Мустафа Шентоп“ бидејќи тој е една од најголемите врски меѓу двете земји.

Наведувајќи дека знаат дека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган многу ја сака Северна Македонија, Заев рече: „Сега истовремено сме и сојузници во НАТО. Турција е една од нашите најважни поддржувачи. Со најголемите поддржувачи ќе направиме подобри работи.“

Тој додаде дека има студенти од Северна Македонија што студираат во Турција, како и студенти од Турција што се образуваат во Северна Македонија.

„Тука имаме и две големи турски политички партии. Имаме пратеници Турци и Турци во бирократијата. Турците тука се составен елемент“, додаде премиерот Заев.

Изјавувајќи дека на чело на Уставниот суд на Северна Македонија се наоѓа Турчин, Заев рече: „Ова се места каде што Турците стигнаа заслужено. Турската заедница е голема заедница.“

Осврнувајќи се на прашањето за борбата против терористичката организација ФЕТО, Заев рече: „Нашето Министерство за внатрешни работи и Министерството за правда се подготвени. Ние ќе преземеме акција веднаш по досиејата што ќе пристигнат од вас. Се разбира, не сакаме оваа организација да ни наштети и на нас.“

Наведувајќи дека фабриката за кабли, што е нова турска инвестиција, ќе вработи 400 до 800 лица, Заев упати барање од Шентоп за да ги охрабри повеќе турските бизнисмени.

Како дел од неговите средби, Шентоп се состана и со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, и со претседателот на Парламентот, Талат Џафери.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.