политика, Балкан

Првични резултати од предвремените избори во Северна Македонија: Коалицијата предводена од СДСМ во предност

Од преброени гласови од 2.277 гласачки места од вкупно 3.480 гласачки места, Коалицијата предводена од СДСМ води со освоени 36,78 отсто од гласовите пред Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 35,75 отсто, покажуваат првичните податоци на ДИК

Admir Fazlagic  | 16.07.2020 - Обновена : 16.07.2020
Првични резултати од предвремените избори во Северна Македонија: Коалицијата предводена од СДСМ во предност ( Foto: Husamedin Gina / Anadolu Agency )

СКОПЈЕ 

Според првичните резултати кои ги објави Државната изборна комисија (ДИК) на Република Северна Македонија со преброени над 60 проценти од денешното гласање на предвремените парламентарни избори, коалицијата предводена од Социјал-демократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) тесно води пред коалицијата предводена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од преброени гласови од 2.277 гласачки места од вкупно 3.480 гласачки места, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ води со освоени 36,78 отсто од гласовите пред Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 35,75 отсто, покажуваат првичните податоци на ДИК.

Податоците објавени од ДИК, покажуваат дека за Демократската унија за интеграција (ДУИ) гласале 10, 31 отсто, за Алијанса на Албанците и Алтернатива 8,13, за Левица 4,16, за Интегра 1,38, за Демократската партија на Албанците (ДПА) 1,33, а другите партии и коалиции учесници на изборите имаат под 0,4 отсто

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски, во краткото обраќање до јавноста рече дека е во тек обработката на првичните резултати.

„Имавме добро организиран изборен ден без поголеми инциденти и можам да им честитам на граѓаните сакам да и се заблагодарам на целокупната изборна администрација", изјави Дерковски.

Со затворањето на гласачките места во 21 часот заврши процесот на гласањето на предвремените парламентарни избори во Република Северна Македонија кој денеска се одвиваше од 07 до 21 часот. Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека излезноста до 20:45 часот изнесува 50,86 проценти.

Според Избирачкиот список на Државната изборна комисија (ДИК), право на глас имаат 1.814 263 граѓани.

На изборите за 120 места во Собранието на Република Северна Македонија учествуваат 15 коалиции и политички партии со над 1.500 кандидати.

По воведувањето на политичкиот плурализам, во земјата се одржани пет редовни парламентарни избори и четири предвремени парламентарни избори, и тоа во 2008, 2011, 2014 и 2016 година. Првите парламентарни избори се одржани кога земјата беше во состав на СФР Југославија, а останатите по прогласувањето на независноста во 1991 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.