политика, Балкан

Пратеник во Собранието на Северна Македонија истакна дека функционирањето на ФЕТО во земјата е јавна тајна

„'Јавна тајна' е дека во Република Македонија под превезот на комерцијални активности функционира организацијата ФЕТО – која е цел на истраги и прогон во многу држави вклучувајќи ги и САД...“, истакна Велјановски

Abdula Berisha  | 03.04.2021 - Обновена : 04.04.2021
Пратеник во Собранието на Северна Македонија истакна дека функционирањето на ФЕТО во земјата е јавна тајна

СКОПЈЕ (АА) - Пратеникот во Собранието на Северна Македонија од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски, повторно истакна дека функционирањето на терористичката организација ФЕТО во земјата е јавна тајна.

Велјановски, кој за време на собраниската седница одржана на 25 март на која премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, одговараше на пратенички прашања, го праша премиерот во врска со функционирањето на терористичката организација ФЕТО во земјава, писмено одговори на прашањата од новинарот на Агенција Анадолија (АА).

Тој нагласи дека прашањето било во врска со односите помеѓу Северна Македонија и Турција, укажувајќи на важноста на односите помеѓу двете земји.

„Еден од инструментите кои ни стојат на располагање како пратеници се пратеничките прашања и преку нив како пратеници можеме да ги пренесеме барањата и прашањата на нашите гласачи до високите функционери на власта преку Собранието“, рече Велјановски.

Во врска со тоа како гледа на делувањето на терористичката организација ФЕТО во земјата, Велјановски изрази сомнеж дека тоа се врши под превезот на комерцијални активности.

„'Јавна тајна' е дека во Република Македонија под превезот на комерцијални активности функционира организацијата ФЕТО – која е цел на истраги и прогон во многу држави вклучувајќи ги и САД. Од Владата на Република Македонија се очекува да го негува пријателството со Република Турција, но исто така и да ја унапредува соработката на сите полиња преку конкретни резултати“, додаде тој.

Во врска со прашањето дали го смета за опасно функционирањето на терористичката организација ФЕТО за безбедноста на Северна Македонија и нејзините граѓани, Велјановски рече дека безбедноста треба да биде приоритет и дека токму затоа поставил прашање до премиерот Заев.

„Јас како пратеник немам инструменти да знам со сигурност дали има или нема делување на оваа организација во нашата држава, но до мене стигнаа информации кои јас ги поставив како пратеничко прашање, и токму затоа на премиерот му беше поставено прашање дали под превезот на комерцијални активности функционира оваа организација во Македонија. Сметам дека моето прашање упатено до премиерот Заев ќе поттикне дополнителни напори за институционална реакција, а сè со цел зајакнување на меѓусебната соработка помеѓу Република Македонија и Република Турција“, нагласи Велјановски.

Запрашан како смета дека треба да реагираат надлежните институции во врска со барањата на Турција за екстрадиција на припадниците на ФЕТО, Велјановски одговори:

„Како членка на НАТО и земја аспирант за членство во институциите на ЕУ треба да реагираат брзо и одлучно секогаш кога се работи за зајакнување на безбедноста и борбата против тероризмот, секако со почитување на Уставот и законите на нашата држава, но исто така и на меѓународните договори.“

- „За жал, не добив конкретен одговор ниту од премиерот Заев“ -

Во своето прашање на парламентарната седница, Велјановски го праша премиерот Заев за можното влијание на ФЕТО во внатрешната политика.

Во врска со тоа, Велјановски истакна дека не поседува детали, и дека токму затоа и го поставил прашањето коешто, според него, произлегува од секојдневната комуникација.

„За жал, не добив конкретен одговор ниту од премиерот Зоран Заев“, додаде тој.

Што се однесува до соработката меѓу двете земји со цел ФЕТО да не влијае врз нарушување на пријателските односи помеѓу двете земји, Велјановски нагласи дека соработката со Република Турција треба да биде на највисоко ниво низ конкретни примери на пријателство, затоа што, како што рече тој, пријателствата меѓу државите се градат со меѓусебно разбирање.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.