политика, Балкан

Парламентарни избори Хрватска: ХДЗ во предност, покажуваат анкетите

Анкетата на „Ипсос" агенцијата која е спроведена на преку 21.500 граѓани покажува дека ХДЗ освојува дури 62 мандати, а Рестарт коалицијата во која водечка партија е СДП, 43 мандати

Stipe Majic  | 05.07.2020 - Обновена : 05.07.2020
Парламентарни избори Хрватска: ХДЗ во предност, покажуваат анкетите

ЗАГРЕБ

Според анкетата објавена во 19.55 часот која агенцијата Ипсос ја објави за сите домашни телевизии, Хрватската демократска заедница (ХДЗ) има еден мандат повеќе, а Рестарт коалицијата има еден мандат помалку во однос на првите излезни анкети објавени во 19 часот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Анкетата на „Ипсос" агенцијата која е спроведена на преку 21.500 граѓани покажува дека ХДЗ освојува дури 62 мандати, а Рестарт коалицијата во која водечка партија е СДП, 43 мандати.

„Татковинско движење" предводено од Мирослав Шкоро добива 14 пратенички мандати, иако првите анкети покажуваа 16, додека „Мост" (независна листа) освојува 9 наместо првобитно проценетите 6 пратенички мандати.

Коалицијата „Можеме!" која ги собира партиите од лева политичка ориентација е изненадување на изборите со освоени 8 пратенички мандати, „Паметно" и „Фокус" освојуваат 3, Хрватскиот национален сојуз (ХНС), коалиционен партнер на ХДЗ во претходната влада, освојува 1 мандат.

Останатите места за 10. состав на Хрватскиот сабор во кој ќе седат 151 пратеник го пополнуваат малцинските и листите на дијаспората кои имаат однапред одреден број мандати.

За освојување мнозинство, на идниот мандатар и составувач на новата Влада, а се очекува тоа да биде ХДЗ, ќе му требаат најмалку 76 пратеници за да претседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ им ја даде довербата.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın