политика

Заев во Кина: Перспективи за продлабочување на економската соработка

„Сакаме да ги отвориме перспективите за продлабочување на економската соработка со Народна Република Кина и да соработуваме на проекти кои ќе придонесат за инфраструктурен и економски развој на земјата“

Ekipa  | 08.07.2018 - Обновена : 08.07.2018
Заев во Кина: Перспективи за продлабочување на економската соработка Фото: Влада на РМ

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Владата на Р. Македонија, Зоран Заев, кој со владина делегација престојува во Народна Република Кина, денес оствари средба со кинескиот премиер Ли Кечијанг, и со кинеската владина делегација, пренесува Агенција Анадолу (AA).

Како што соопшти Кабинетот на премиерот Заев, средбата е одржана на маргините на Седмиот Самит на шефови на влади од Процесот за соработка на Народна Република Кина со земјите од Централна и Источна Европа (16 + 1).

На состанокот премиерот Заев ја истакнал важноста на континуираната поддршка што Кина ѝ ја пружа на Македонија, нагласувајќи дека Македонија продолжува да ја поддржува политиката на една Кина.

„Сакаме да ги отвориме перспективите за продлабочување на економската соработка со Народна Република Кина и да соработуваме на проекти кои ќе придонесат за инфраструктурен и економски развој на земјата“, истакнал премиерот Заев додавајќи дека е многу значајна поддршката што кинеската влада ја пружа во напорите за забрзување на изградбата на двата автопати, Кичево – Охрид и Миладиновци – Штип. 

Македонскиот премиер, исто така, информираше дека процесот за воспоставување безвизен режим меѓу двете земји е во завршна фаза, што ќе резултира, како што се истакнува, со развој на туризмот, поголема културна соработка, поврзување и воспоставување на поблиски релации.

Кинескиот премиер Ли Кечијанг, пак, истакна дека Кина ќе продолжи и понатаму да ја поддржува Македонија, истакнувајќи ја важноста од зголемувањето на соработката, бидејќи, како што рече, двете земји се ориентирани кон економски развој, кој треба да придонесе повисок стандард на граѓаните.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın