образование, живот

Џеф Безос донира 33 милиони долари за стипендирање на имигрантите

Основачот на Амазон, Џеф Безос и неговата сопруга Мекензи донираат 33 милиони долари за финансирање на школарина на имигрантите без дозвола на престој во САД

Barry Eitel  | 13.01.2018 - Обновена : 14.01.2018
Џеф Безос донира 33 милиони долари за стипендирање на имигрантите

San Francisko

САН ФРАНЦИСКО (АА) - Основачот на Амазон, Џеф Безос и неговата сопруга Мекензи донираат 33 милиони долари за финансирање на школарина на имигрантите без дозвола на престој во САД, јавува Anadolu Agency (AA).

Безос изјави дека средствата ќе овозможат колеџ да посетуваат речиси 1.000 имигранти кои одат во средно училиште.

Сите ученици се опфатени со уредбата на поранешниот американски претседател Барак Обама од 2012 година и имаат статус ДАЦА (Deferred Action for Childhood Arrivals - DACA), кој гарантира заштита на имигрантите кои во САД пристигнале како деца.

Програмата минатата година беше доведена во прашање, кога актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, ја повлече уредбата. Конгресот до март мора да одлучи за статусот на 800.000 лица кои се опфатени со одлука на Трамп.

Безос изјави дека мажот кој го посвоил бил имигрант од Куба.

„Мојот татко дошол во САД од Куба кога имал 16 години. Дошол сам и не знаел англиски. Со многу труд и одлучност и со помош на прекрасните организации во Делавер, мојот татко стана граѓанин за пример кој продолжува да го враќа долгот на земјата која го благослови на многу начини. Мекензи и јас сме почествувани што сме во можност да ја финансираме школарината“, изјави најбогатиот човек во историјата на светот.

По порастот на вредноста на акциите на Амазон на Вол Стрит на почетокот од неделата, Безос стана најбогатиот човек на светот со 105 милијарди долари.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın