образование, Балкан, Коронавирус

Во Косово од понеделник се враќа наставата со физичко присуство во училиштата

„Министерството за образование, наука, технологија и иновации донесе одлука учениците да се вратат во училиштата, а во зависност од состојбата со пандемијата, наставата ќе се одвива според три сценарија, и тоа А, Б и Ц“

Agim Sulaj  | 16.04.2021 - Обновена : 17.04.2021
Во Косово од понеделник се враќа наставата со физичко присуство во училиштата

ПРИШТИНА (АА) - Министерството за образование, наука, технологија и иновации на Косово донесе одлука од понеделник, 19 април, наставата во предуниверзитетските установи во земјата да продолжи со физичко присуство во училиштата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението, одлуката е донесена во соработка меѓу Министерството и надлежните институции, односно Институтот за јавно здравје на Косово и Министерството за здравство.

„Министерството за образование, наука, технологија и иновации донесе одлука учениците да се вратат во училиштата, а во зависност од состојбата со пандемијата, наставата ќе се одвива според три сценарија, и тоа А, Б и Ц“, се наведува во соопштението.

Сценаријата А, Б и Ц предвидуваат физичко присуство во училиштата, комбинирано физичко и виртуелно учество, како и целосна онлајн настава.

Во соопштението се вели дека во викендот ќе се продолжи со дезинфекција на училиштата, и дека тие ќе бидат подготвени за продолжување на наставата со физичко присуство на учениците.

„Министерството за здравство упатува апел до учениците, наставниците и до сите актери вклучени во училиштата да ги почитуваат мерките против пандемијата“, се нагласува во соопштението.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.