образование, Балкан

„ИБУ стана еден од центрите за академско образование на Балканот"

„Според Шангајските критериуми, бевме избрани како универзитет што овозможува најдобро образование во Северна Македонија“, нагласи Ердем, истакнувајќи дека наставата е 100 отсто на англиски јазик, освен предметот Турски јазик.

Sefa Şahin  | 30.01.2021 - Обновена : 01.02.2021
„ИБУ стана еден од центрите за академско образование на Балканот" ( Foto: Sefa Şahin / Anadolu Agency )

АНКАРА (АА) - СЕФА ШАХИН -

Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ), што нуди можности за образование на студентите што доаѓаат од различни места во светот и објавува 13 списанија во областа на социјалните науки и инженерството, стана еден од центрите за академско образование на Балканот.

ИБУ, кој е основан во 2006 година во Скопје, денес има 9 факултети на кои студираат околу 3.000 студенти, кои наставата ја следат 100 отсто на англиски јазик. Овој универзитет, со објавувањето на 13 списанија во областа на социјалните науки и инженерството, дава придонес во научниот свет.

Ректорот на ИБУ, проф. д-р Мехмет Дурсун Ердем, во разговор за Агенција Анадолија (АА) истакна дека над 70 отсто од студентите се од Северна Македонија и од земјите на Балканот, додавајќи дека на Универзитетот има студенти од 20 различни земји во светот, како САД, Катар, Турција, Туркменистан и други земји.

Ердем нагласи дека студентите дипломирани на ИБУ вршат различни државни, политички и административни работи на Балканот.

„Сите овие студенти се љубители на Турција. Бидејќи таму (во Турција) дури и државните универзитети се плаќаат. Тука кај нас скоро 90 отсто од студентите студираат речиси со нула трошоци. 10 отсто од нив студираат плаќајќи симболични цени“, рече Ердем, додавајќи дека во ИБУ предаваат професори што доаѓаат и од Истанбул и Анкара.

„Според Шангајските критериуми, бевме избрани како универзитет што овозможува најдобро образование во Северна Македонија. Веќе две години ни доаѓаат бројни студенти и од христијанската вероисповед“, нагласи Ердем, истакнувајќи дека наставата е 100 отсто на англиски јазик, освен предметот Турски јазик.

Тој информира дека списанијата што ги објавуваат, имаат објавувања на англиски, турски и руски јазик.

Како што рече Ердем, на Универзитетот веќе 4 години имаат магистерски програми на 14 различни области, и додаде: „Почнувајќи од оваа година, ги отворивме и нашите програми за докторски студии. Меѓународниот балкански универзитет почна да ги образува професорите, научниците и интелектуалците во регионот.“

Ердем се осврна на тврдењата дека примаат студенти со диплома од средно образование, без приемен испит или без критериум за оценките во дипломата, и нагласи дека околу 200.000 странски студенти, што студираат во Турција, се запишуваат со нивните дипломи, без приемен испит.

Според него, студентите ги примаат според успехот на испитот за јазик и општа култура, што според Ердем, е практика применувана на повеќе универзитети во Велика Британија или на Западот.

„Тие се нарекуваат универзитети без (приемен) испит. На кој било универзитет да одите на Балканот, ќе се запишете со дипломата. Оваа состојба е иста и во Европа и во Америка. Најдобрата установа во Северна Македонија ја обвинуваат за тоа што е универзитет без испит. Кој универзитет прима меѓународни студенти со испит? Сите овие нешта имаат за цел да создадат перцепција, и можам да гарантирам дека нивниот корен се протега до (терористичката организација) ФЕТО“, нагласи Ердем, и истакна дека лесно е да се запише на ИБУ, но тешко е да се дипломира.

Тој рече дека тврдењата против Универзитетот се прават врз основа на вестите објавени под влијание на менталитетот на терористичката организација ФЕТО.

„ФЕТО е проширена низ овој регион. Велам: Дали овие тврдења доаѓаат од таму? Се соочуваме со исти тврдења“, нагласи Ердем, и додаде:

„Меѓународните студенти без испит може да одат на друг универзитет во светот. Тоа е нешто познато, но покрај тоа постои обид да се создаде една перцепција во оваа насока. ФЕТО се професионалци во врска со овие перцепции. Меѓународниот балкански универзитет, како и порано и сега, претставува најважна пречка за структурирањето на ФЕТО во Северна Македонија и на Балканот. Сè уште продолжуваат да се занимаваат со тоа. Јас го оценувам тоа во овие рамки. Ги повикувам тие кои нè слушаат и нè читаат, кога ќе се објави некоја вест или има некоја состојба, нека ни се јават и ние ќе им ги дадеме сите потребни одговори.“

Ердем нагласи дека во време на пандемијата на Ковид-19, ИБУ, според него, е единствениот универзитет во земјата кој на систематски начин спровел образование од далечина.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.