образование, Балкан

„Босанскиот јазик дел од редовната настава во основното образование“

Министерот за образование и наука на Македонија, Арбр Адеми, на презентирањето на идните и досегашните остварувања од преземањето на функцијата, најави дека од следната учебна година босанскиот јазик ќе стане дел од редовната настава

Besar Ademi  | 09.07.2018 - Обновена : 10.07.2018
„Босанскиот јазик дел од редовната настава во основното образование“ Vedat Abdul/AA

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Министерот за образование и наука на Р. Македонија, Арбр Адеми, на презентирањето на идните и досегашните остварувања од преземањето на функцијата, најави дека од следната учебна година босанскиот јазик ќе стане дел од редовната настава во 9-годишното основно образование во Македонија, јавува Anadolu Agnecy (АА).

Министерот Адеми истакна дека тој како министер и неговиот тим, во наредниот период ќе се фокусираат на некои од приоритетите определени во стратешките и програмските документи на Министерството за образование и наука.

„Босанскиот јазик станува дел од редовното 9-годишно основно образование од учебната година 2018/2019. За оваа цел, јас веќе ја потпишав наставната програма за 9-годишното основно образование, каде се преведоа актуелните наставни програми за предметите за прво одделение, и е изготвена наставната програма за предметот Босански јазик како нов предмет. Во меѓувреме, отворен е конкурс за изготвување учебник за прво одделение за босански јазик“, изјави министерот Адеми, истакнувајќи ги приоритетите на Министерството за образование и наука.

Адеми исто така истакна дека преку интензивни состаноци тие работат на подобрување на целокупниот процес, донесувајќи одлуки за овозможување на нови текстови за странски јазици, германскиот, францускиот и англискиот јазик за четврта година средно образование. Тој додаде дека е донесена одлука за овозможување на текстови за италијански јазик, кој ќе се изучува како втор странски јазик од следната учебна година, за сите паралелки во основното и средното образование.

Говорејќи за приоритетите на институцијата што ја води, Адеми истакна дека овој месец започна реализацијата на проектот за образование и вработување во Македонија, финансиран од Амбасадата на Швајцарија во Македонија, во износ од 12,5 милиони евра.

„Овој проект ќе се реализира во наредните десет години во неколку фази, а првата фаза ќе биде завршена во 2022 година. Фокусот е ставен на промоција на неформалното и формалното стручно образование во областа на технологијата, услугите и ИТ секторот, каде што ќе бидат вклучени невработени млади лица и оние кои се вработени на несоодветни работни места на возраст до 29 години, ученици во стручното образование”, рече министерот Адеми.

Арбр Адеми ја презеде функцијата министер за образование и наука на 5-ти јуни оваа година, а претходно беше заменик министер во оваа институција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.