Турција, наука и технологија

Новиот турски хеликоптер го реализираше првиот лет

Новиот хеликоптер е произведен со сопствени капацитети на Турската индустрија за воздухопловство и вселена и со поддршка на турското Министерство за одбрана

Göksel Yıldırım  | 06.09.2018 - Обновена : 07.09.2018
Новиот турски хеликоптер го реализираше првиот лет

Ankara

АНКАРА (АА) - Турската индустрија за воздухопловство и вселена (TUSAS) успешно го изведе првиот лет на новопроизведениот хеликоптер за општа намена, T625, јавува Anadolu Agency (AA).

Новиот хеликоптер е произведен со сопствени капацитети на Турската индустрија за воздухопловство и вселена и со поддршка на турското Министерство за одбрана.

По спроведените тестирања во хангар, новото летало утрово во шест часот по локално време полета за првпат.

Во текот на успешниот тест-лет пилотите изведоа маневри кои хеликоптерот T625 ќе го стават во редот на престижни летала од тој вид во меѓународни рамки.

„Им честитаме на татковината и на народот за успешно извршениот прв лет на нашиот прв хеликоптер, кој е произведен во целост со домашни капацитети. Им се заблагодаруваме на сите кои придонесоа на реализација на овој проект“, порача челникот на Турската индустрија за воздухопловство и вселена, Исмаил Демир.

По производството на воениот хеликоптер T129 ATAK, турското воздухопловство со новиот проект уште еднаш ги потврди реномето и угледот кои ги има во тој сектор.

Новопроизведениот T625 е повеќенаменски хеликоптер кој може да се користи за воени и цивилни цели. Станува збор за хеликоптер кој спаѓа во редот на најдобри на пазарот, со оглед на тоа дека има способност за брзи и ефикасни полетувања, маневри на спуштање на високи надморски височини и температури, без оглед на временските услови и конфигурацијата на теренот.

Во следната фаза, новопроизведениот хеликоптер треба да ги помине процедурите на сертификација и квалификација, а предвидено е најдоцна за две години да влезе во употреба.

Турската индустрија за воздухопловство и вселена претходно својот потпис го има ставено на големи проекти како што се беспилотното летало АНКА и хеликоптерот АТАК. Работеше и низа проекти за водечки светски компании во авиоиндустријата, како што се „Boeing“, „Airbus“, „Lockheed Martin“, „Northrop Grumman“, „Bombardier“ и „Leonardo“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın