наука и технологија

Дејвид Џулиус и Ардем Патапутијан ја добија Нобеловата награда за медицина во 2021 година

- Дејвид Џулиус и Ардем Патапутијан ја добија Нобеловата награда за медицина во 2021 година за откритието „рецептори за температура и допир“

Gamze Türkoğlu Oğuz  | 04.10.2021 - Обновена : 05.10.2021
Дејвид Џулиус и Ардем Патапутијан ја добија Нобеловата награда за медицина во 2021 година Фото: Атила Алтунташ - Агенција Анадолија

АНКАРА 

Дејвид Џулиус и Ардем Патапутијан ја добија Нобеловата награда за медицина во 2021 година за откритието „рецептори за температура и допир“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Томас Перлман, претседателот на Нобеловиот комитет, во изјавата дадена во Стокхолм рече дека американскиот физиолог Џулиус и американскиот молекуларен биолог и невролог, Патапутијан, се добитници на годинешната награда за медицина.

Истражувањата на Џулиус и Патапутијан „открија една од мистериите на природата за молекуларната основа за чувство на топлина, студ и механичка сила“, што е „од витално значење за човечката способност да чувствува, да дава значење и да комуницира со внатрешната и надворешната средина“.

Минатата година Нобеловата награда за медицина ја добија Харви Џ. Алтер, Мајкл Хаутон и Чарлс M. Рајс.

Американските виролози Алтер и Рајс и британскиот научник Хаутон беа наградени со Нобелова награда за медицина во 2020 година „за откривање на вирусот на хепатит Ц“.

Нобеловата награда за медицина во 2019 година е доделена на Вилијам Г. Каелин и Грег Л. Семенза од САД и на Питер Џ. Ретклиф од Англија за нивниот придонес во медицинскиот свет во областа на клетките.

​​​​​​​

- Нобелова награда за медицина

Од 1901 година до денес се доделени 111 нобелови награда за медицина. Од добитниците 12 беа жени.

Најмладиот добитник на Нобеловата награда за медицина е Фредерик Г. Бантинг (32) за откривањето на инсулинот во 1923 година.

Осумдесет и седумгодишниот Пејтон Роус, кој ја доби Нобеловата награда за медицина во 1966 година за пронаоѓање „вируси што предизвикуваат тумор“, влезе во историјата како најстариот научник што ја добил наградата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.