наука и технологија, Коронавирус

Вакцината на Универзитетот Оксфорд сигурна и создава позитивна имунолошка реакција

- Во испитувањата во раната фаза на развивањето на вакцината учествуваа 1.077 лица, а резултатите покажаа дека учесниците произвеле антитела и бели крвни зрнца кои можат да се борат против Ковид-19.

Ekip, Rabia İclal Turan  | 20.07.2020 - Обновена : 22.07.2020
Вакцината на Универзитетот Оксфорд сигурна и создава позитивна имунолошка реакција

ЛОНДОН

Вакцината против Ковид-19 развиена на Универзитетот Оксфорд е сигурна и создава позитивна имунолошка реакција, објави денес медицинското списание „The Lancet“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во испитувањата во раната фаза на развивање на вакцината учествуваа 1.077 лица, а резултатите покажаа дека учесниците произвеле антитела и бели крвни зрнца кои можат да се борат против Ковид-19.

Иако денешните резултати се широко прифатени како позитивни, треба да се спроведат поопсежни испитувања за да се утврди ефикасносна на вакцината.

Велика Британија веќе нарача 100 милиони дози вакцина. Универзитетот Оксфорд за производство на вакцината се здружи со фармацевтската компанија AstraZeneca.

Оваа вакцина е само една од десетина кои се развиваат ширум светот, но Оксфорд е во предност.

AstraZeneca веќе го зајакнува производството, за вакцината да може да се дистрибуира што е можно поскоро, доколку се докаже дека е ефикасна.

Британскиот премиер Борис Џонсон им честиташе на тимот на Универзитетот Оксфорд преку Твитер:

„Големо браво за нашите прекрасни, водечки светски научници и истражувачи од Универзитетот Оксфорд. Нема гаранции. Не сме уште таму и ќе бидат потребни понатамошни истражуваеа, но ова е важен чекор во вистинска насока“.

Истражувањето од Универзитетот Оксфорд е голем исчекор во борбата против Ковид-19, објави Министерството за здравство и социјална заштита во Велика Британија.

Во меѓувреме, локалните медиуми денес известија и дека Велика Британија обезбедила ран пристап за 90 милиони дози вакцина против Ковид-19 и од други доставувачи.

Владата на Велика Британија наложи купување на 30 милиони дози вакцина која ја развија BioNTech и Pfizer. Вакцината е моменталo во втора фаза на експериментот, а договорот со британската влада е прв кој двете компании го потпишаа со некоја земја.

Владата исто така потпиша начелен договор за 60 милиони дози од друга вакцина која ја разви Валнева. Договорот на Владата и овозможува да купи додатни 40 милиони дози, доколку се докаже дека вакцината дејствува.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın