свет

Египет: Егзекутирани 9 момчиња за случајот на убиство на јавен обвинител

Обвинетите за време на судскиот процес ги негираа обвиненијата против нив, изјавувајќи дека признанијата им биле изнудени со измачување

Hacer Başer  | 20.02.2019 - Обновена : 21.02.2019
Египет: Егзекутирани 9 момчиња за случајот на убиство на јавен обвинител

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Погубени се 9 лица кои беа осудени на смртна казна како одговорни за бомбашкиот атентат врз египетскиот јавен обвинител Хишам Берекат, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според веста што ја објавија египетските медиуми, утрово со казна бесење во затворот во Каиро се егзекутирани 9 момчиња кои беа осудени за атентатот на јавниот обвинител.

- Не даде резултат повикот за запирање на одлуката за егзекуција -

„Амнести интернешнл“ вчера објави соопштение во кое бара запирање на егзекуцијата на 9-те момчиња коишто беа осудени на смртна казна.

Во соопштението се вели дека осудениците, со цел да бидат егзекутирани, од своите ќелии биле префрлени во затворот во Каиро, додавајќи дека на обвинетите им било судено незаконски.

Покрај тоа, во соопштението се наведува дека за време на судењето, некои од обвинетите изјавиле дека биле „измачувани за да го признаат делото“.

Египетскиот Врховен суд во ноември 2018 година ги одобри смртните казни што им беа досудени на 9-те момчиња обвинети за атентатот врз јавниот обвинител Хишам Берекат, извршен во 2015 година. Обвинетите за време на судскиот процес ги негираа обвиненијата против нив, изјавувајќи дека признанијата им биле изнудени со измачување.

Меѓу егзекутираните се наоѓа и Ахмед Таха, син на Мухамед Таха, член на највисокот извршен комитет на Организацијата „Муслимански браќа“ (Ихван).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.