свет

Во Јемен регрутирани 2.700 деца

Завојуваните страни во Јемен регрутирале 2.700 деца, и дека покрај тоа, две третини од јеменските девојчиња се омажени пред да наполнат 18 години

Zeynep Hilal Karyağdı  | 21.02.2019 - Обновена : 24.02.2019
Во Јемен регрутирани 2.700 деца

АДЕН (АА) - Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) соопшти дека конфликтните страни во Јемен регрутирале 2.700 деца, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението објавено на профилот на Твитер на Канцеларијата на УНИЦЕФ во Јемен, завојуваните страни регрутирале 2.700 деца, и дека покрај тоа, две третини од јеменските девојчиња се омажени пред да наполнат 18 години.

Се истакнува дека децата се најмногу погодени од конфликтот во Јемен.

Во соопштението на УНИЦЕФ, објавено минатиот месец, беше наведено дека од 2015 година досега во Јемен загинале над 6.700 деца.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın