култура и уметност

Снимањето на новиот филм „Кајмак“ на режисерот Милчо Манчевски започнува во јули

Новиот филм на режисерот Манчевски, насловен „Кајмак“ е црна комедија за две семејства, кои се среќни на крајот на филмот. Филмот ја раскажува приказната за две двојки кои се соседи и ќе се најдат среде нетрадиционални романтични врски.

Husamedin Gina  | 17.06.2021 - Обновена : 21.06.2021
Снимањето на новиот филм „Кајмак“ на режисерот Милчо Манчевски започнува во јули ( Foto: Husamedin Gina / Anadolu Agency )

СКОПЈЕ

Новиот филм „Кајмак“ на режисерот Милчо Манчевски ќе започне да се снима на 6 јули, на голем број локации во Скопје, јавува Агенција Анадолија (АА).

Милчо Манчевски, сценаристот и режисер на новиот „Кајмак“, заедно со главните актери, денеска на прес-конференција одржана во Скопје го промовираа почетокот на снимањето на филмот „Кајмак“, негов седми по ред.

Манчевски, истакнувајќи дека на пишувањето на сценариото на филмот и финансирањето работел две години, рече дека допрва ги очекува многу работа за да се сними филмот.

„Мислам дека секоја уметност создава измешани или комплексни чувства. Кичот создава едноставни чувства“, нагласи Манчевски.

Одговарајќи на прашањето зашто е избрано името „кајмак“, режисерот Манчевски рече дека насловот се наметна сам.

„Мислам, тој е во една рака буквален, затоа што често во филмот гледаме кајмак, затоа што Виолетка (актерка во филмот) продава кајмак на пазар. А Карамба (актер во филмот) секој ден го купува од неа. И за тоа жена му го кара. И се разбира, сите симболики кои произлегуваат од зборот кајмак, како кремот, како најубавото. И како прашање што е всушност навистина најубаво и за што вреди да се живее.“

„Кајмак“ е црна комедија за две семејства, кои се среќни на крајот на филмот.

Филмот ја раскажува приказната за две двојки кои се соседи и ќе се најдат среде нетрадиционални романтични врски.

Македонски продуцент на филмот е „Банана филм“. Продуцент е Јане Ќортошев.

Во филмот играат Камка Тоциновска, Сара Климоска, Александар Микиќ, Ана Стојановска, Симона Спирковска, Петар Мирчевски и други актери.

„Кајмак“ е копродуциран од Луиза Фолдагер Серенсен и Мете Берх од „Мета филмс“ (Копенхаген) и од Иван Дојков од „Даре филмс“ (Софија).

Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија, Данскиот филмски институт, Бугарскиот филмски центар и Македонската радио-телевизија.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.