култура и уметност

Програмата „Варм-ап Синедејс“ – Европско патувачко кино, ќе се одржи во три града во Северна Македонија

„Одбравме три града, Крива Паланка, Струмица и Струга. Програмата е конципирана со свежи европски наслови кои премиерно ќе бидат прикажани пред локалната публика“, нагласи Арсова.

Husamedin Gina  | 24.06.2021 - Обновена : 25.06.2021
Програмата „Варм-ап Синедејс“ – Европско патувачко кино, ќе се одржи во три града во Северна Македонија ( Foto: Husamedin Gina / Anadolu Agency )

СКОПЈЕ

„Варм-ап Синедејс“ (Warm-up CINEDAYS) – Европско патувачко кино под отворено небо, подготвено по повод јубилејот 20 години од Филмскиот фестивал „Синедејс“, ќе се одржи во Крива Паланка, Струмица и Струга, јавува Агенција Анадолија (АА)

На денешната прес-конференција по повод јубилејот 20 години „Синедејс“, одржана во Младинскиот културен центар (МКЦ), Филмскиот фестивал „Синедејс“ промовира нова програма: „Варм-ап Синедејс“ – Европско патувачко кино под отворено небо, што е загревачка програма пред официјалните датуми на одржување на „Синедејс“, од 15 до 21 јули.

Маргарита Арсова, координатор на „Синедејс“, истакнувајќи дека оваа година се слави јубилејот 20 години од Филмскиот фестивал „Синедејс“, рече дека патот од 20 години воопшто не е краток, но дека ниту еден пат не е доволно тежок кога се чекори со вистински пријатели.

„Поводот за прес-конференција е „Варм-ап Синедејс“, програмата што ја подготвивме, односно загревачката програма за фестивалот, која ќе се одржи пред официјалните датуми на одржување на „Синедејс“, конципирана како Европско патувачко кино под отворено. Партнерски ќе ја реализираме заедно со делегацијата на ЕУ. Одбравме три града, Крива Паланка, Струмица и Струга. Програмата е конципирана со свежи европски наслови кои премиерно ќе бидат прикажани пред локалната публика“, нагласи Арсова.

Амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, Дејвид Гир, истакнувајќи дека како Европска Унија (ЕУ) го подржуваат „Синедејс“ уште од првиот ден, рече дека со новата програма „Варм-ап Синедејс“ – Европско патувачко кино под отворено небо, имаат за цел да стигнат до нова публика надвор од Скопје.

„Осмислено како годишна ревија на кино, произведено од Европската Унија (ЕУ), признато од критичарите, сакано од европската публика, Европското патувачко кино под отворено небо оваа година ќе патува во три различни града во земјата“, рече евроамбасадорот Гир.

Европските филмови под отворено во Крива Паланка ќе бидат прикажани на 25-26 јуни, во Струмица на 03-04 јули, а во Струга во периодот 09 - 19 јули.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın