култура и уметност, Балкан

На Сараевскиот филмски фестивал оваа година се натпреваруваат 47 филма

Девет филма се наоѓаат во категоријата на долгометражни филмови, 10 во категоријата на краткометражни филмови, 16 во категоријата на документарни филмови и 12 во категоријата на студентски филмови

Sanela Crnovrsanin  | 22.07.2021 - Обновена : 27.07.2021
На Сараевскиот филмски фестивал оваа година се натпреваруваат 47 филма

САРАЕВО (АА) - На овогодишниот Сараевски филмски фестивал (СФФ), кој ќе се одржи помеѓу 13 и 20 август во Босна и Херцеговина, ќе се натпреваруваат 47 филма, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на СФФ кој оваа година по 27. пат ги отвора своите врати за љубителите на киното, вкупно 47 филма ќе се натпреваруваат во четири категории за добивање на наградите на фестивалот именуван како „Срцето на Сараево“.

Во рамки на фестивалот ќе бидат прикажани светските премиери на 18 филма, меѓународните премиери на три филма, европската премиера на еден филм, регионалната премиера на 24 филма и премиерата во Босна и Херцеговина на еден филм.

Исто така, на овој фестивал, девет филма се наоѓаат во категоријата на долгометражни филмови, 10 во категоријата на краткометражни филмови, 16 во категоријата на документарни филмови и 12 во категоријата на студентски филмови.

Меѓу другото, во категоријата на долгометражни филмови ќе се натпреваруваат филмовите „Елегија на ловорите“ (The Elegy of Laurel), „Работите за кои вреди да се плаче“ (Things Worth Weeping For), „Бебиа, единствениот копнеж на мојата душа“ (Bebia, a mon seul desir), „Ридот на кој рикаат лавиците“ (The Hill Where Lionesses Roar), „Келтите“ (Celts), „Месечина, 66 прашања“ (Moon, 66 Questions), „Мурина“ (Murina), „Барајќи ја Венера“ (Looking for Venera) и „Големата слобода“ (Great Freedom).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın