живот, култура и уметност

Изложбата на фотографии „Exodus-Deja vu“ во дигитален формат ќе се отвори на Светскиот ден на бегалците

- Изложбата на фотографии ни доловува несекојдневни и оригинални приказни на милиони луѓе кои избегале од прогонот и насилството низ светот во потрага за подобар и сигурен живот

Gamze Türkoğlu Oğuz  | 16.06.2020 - Обновена : 17.06.2020
Изложбата на фотографии „Exodus-Deja vu“ во дигитален формат ќе се отвори на Светскиот ден на бегалците

АНКАРА

Изложбата на фотографии „Exodus-Deja vu“ изработена од познати фотографи, кои ги документираат патувањата на бегалците, ќе биде отворена по пат на интернет на 20. јуни, кога се одбележува Светскито ден на бегалците, јавува Агенција Анадолија (АА).


Изложбата на фотографии ни доловува несекојдневни и оригинални приказни на милиони луѓе кои избегале од прогонот и насилството низ светот во потрага по сигурен и подобар живот.


Агенција Анадолија е глобален комуникациски партнер на изложбата, а меѓу организаторите се наоѓаат и познати светски организации, како што се УНХЦР и Амнести интернешнл.


Изложбата на фотографии е составена од наградувани дела на фоторепортери кои со години ги следат и фотографираат опасните патувања на бегалците, меѓу кои се Атилган Оздил, Џошкун Арал, Гилермо Ариас, Јалда Моајери и Сергеј Пономарев.


Целиот настан го организира агенцијата за уметност и култура „Visioncy“ со седиште во Куала Лумпур, а кустос на настанот е директорот на агенцијата Петрис Валет.


Изложбата „Exodus-Deja vu“ за првпат е организирана во Куала Лумпур 2016 година, а потоа во Банкок, Чијанг Мај, Анкара и Истанбул.


Оваа година изложбата требаше да биде организирана во бројни градови од Европа и САД, но организаторите поради пандемијата на коронавирусот се откажаа од таквите планови и одлучија изложбата да биде организирана онлајн.


На првата изложба се најдоа фотографии на петмина фоторепортери, а веќе сега со свои дела учествуваат повеќе од десеттина фоторепортери со интересни и оригинални фотографии изработени во текот на опасните патувања на бегалците во различни делови од светот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.