култура и уметност

Во Скопје започна курсот по традиционалното турско стреличарство

„На почетокот ќе имаме две активности, во два града, во Скопје и Гостивар. Тоа ќе бидат посебни групи. Првата група се мажи. Втората група се жени, а тратата група ќе ја сочинуваат деца.“, нагласи директорот Кула

Husamedin Gina  | 19.03.2021 - Обновена : 22.03.2021
Во Скопје започна курсот по традиционалното турско стреличарство ( Foto: Husamedin Gina / Anadolu Agency )

СКОПЈЕ

Во Северна Македонија, Институтот „Јунус Емре“ - Скопје, го започна курсот по стреличарство со цел да обезбеди младите генерации да се запознаат со традиционалното турско стреличарство и да се здобијат со една различна вештина, јавува Агенција Анадолија (АА).

Денес во „Куршумли ан“ во Скопје се одржа свечената програма за отворање на „Курсот за традиционално турско стреличарство“.

Директорот на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, Серхат Кула истакна дека како институт во согласност со протоколот потпишан со турската Фондацијата за стрелци од 2015 години продолжуваат со обуките за стреличарство, изложбите за стреличарство и промоцијата на културата и историјата за стреличарството.

„На почетокот ќе имаме две активности, во два града, во Скопје и Гостивар. Тоа ќе бидат посебни групи. Првата група се мажи. Втората група се жени, а тратата група ќе ја сочинуваат деца. Вкупно до сега пријавени се 150 курсисти. Тоа е само за почеток, се надеваме дека бројката ќе се зголеми“, нагласи Серхат Кула.

Истакнувајќи дека како институт ќе продолжат да даваат поддршка на Турскиот клуб за стреличарство во Скопје, директорот Кула рече дека вкупно ќе има 9 инструктори за стреличарство кои ќе ги одржуваат курсевите кои ќе траат 2 месеци.

Во рамките на свечената програма за отворање на „Курсот за традиционална турско стрелаштво“ во Куршумли ан беше поставена и изложбата за турското стреличарство низ историјата.

Од друга страна, инструкторите по стрелаштво на љубителите на стреличарството и традиционалните спортови кои беа присутни на отворањето им дадоа детални информации за лакот и стрелата како дел од најстарите човечки изуми, кои на почетокот се користеле за лов, а со текот на времето се претвориле во борбено оружје.

Курс за традиционална турска стрелаштво ќе се реализира и во Гостивар, а отворањето ќе се одржи во сабота, 20 март во основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ во Гостивар.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.