економија, култура и уметност

„Турскиот ракетен систем ХИСАР А+ предаден на Војската, ХИСАР О+ подготвен за сериско производство“

Системот ХИСАР А+ има работен радиус од 15 километри, додека ХИСАР О+ до 25 километри

Zeynep Çetinkaya  | 10.07.2021 - Обновена : 12.07.2021
„Турскиот ракетен систем ХИСАР А+ предаден на Војската, ХИСАР О+ подготвен за сериско производство“

Ankara

Шефот на Одделот за одбранбена индустрија при турското Претседателство, Исмаил Демир, истакна дека воздушно-одбранбениот ракетен систем „ХИСАР А+“ со сите свои елементи е предаден на Вооружените сили на земјата, а дека воздушно-одбранбениот ракетен систем „ХИСАР О+“ достигнал во процес на сериско производство, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Демир преку својот твитер-профил даде информации во врска со последната состојба околу воздушно-одбранбените системи ХИСАР.

„Две добри вести од ХИСАР. Системот ХИСАР А+ со сите свои елементи е предаден. ХИСАР О+ оди кон сериско производство. Нека е со среќа. Нема да запираме. Продолжуваме на вистинскиот пат“, напиша тој.

Од друга страна, во соопштението на Одделот за одбранбена индустрија при турското Претседателство се наведува дека проектот за воздушните системи ХИСАР е реализиран со домашни можности, во соработка со „Аселсан-Рокетсан“. Системите имаат ефикасност од 360 степени и може да се ангажираат и да гаѓаат кон шест цели во исто време.

Системот ХИСАР А+ има работен радиус од 15 километри, додека ХИСАР О+ до 25 километри.

Системите ХИСАР кои се способни да функционираат во сите временски услови, се ефективни против воени авиони, хеликоптери, ракети воздух-копно и дронови.

Системите ќе дадат значителен придонес во воздушната одбрана на Турција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.