Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Регистрирани 205 нови случаи на Ковид-19, најмногу во еден ден досега

- Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 336 оздравени лица од Ковид-19, а вкупно оздравеа 3.960 пациенти заразени со коронавирусот. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.449.

Admir Fazlagikj  | 10.07.2020 - Обновена : 11.07.2020
Северна Македонија: Регистрирани 205 нови случаи на Ковид-19, најмногу во еден ден досега

СКОПЈЕ

Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 205 случаи на Ковид-19, што е досега најголем број регистрирани случаи во текот на еден ден. Со ова, вкупната бројка на регистрирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 7.777, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство соопшти дека се регистрирани три смртни случаи, со што вкупната бројка на смртни случаи од последиците од Ковид-19 се искачи на 368.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 336 оздравени лица од Ковид-19, што е најголем број регистрирани оздравени лица во еден ден досега. Вкупната бројка на оздравени пациенти со овој вирус изнесува 3.960.

Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.449.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.728 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 74.562 тестирања на овој вирус.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın