Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Во последните 24 часа регистрирани 489 нови случаи на Ковид-19

Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 33 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 4.628

Furkan Abdula  | 23.04.2021 - Обновена : 24.04.2021
Северна Македонија: Во последните 24 часа регистрирани 489 нови случаи на Ковид-19

СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 489 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 149.710, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 33 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 4.628.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 905 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на излекувани изнесува 127.139.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 17.943.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.841 тестирање за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 703.569 тестирање.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.