Балкан, Коронавирус

Во Албанија 13 смртни случаи од коронавирусот

62-годишен пациент од Драч со Ковид-19, кој истовремено страдал и од други болести, утрово починал во Инфективната болница во Тирана

Fatjon Cuka  | 31.03.2020 - Обновена : 31.03.2020
Во Албанија 13 смртни случаи од коронавирусот

ТИРАНА (АА) - Бројот на починати од последиците на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Албанија се искачи на 13 лица, додека бројот на потврдени случаи, на 243 лица, вклучувајќи ги и починатите, соопшти албанското Министерство за здравство и социјална заштита, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според официјалното соопштение на Министерството, 62-годишен пациент од Драч со Ковид-19, кој истовремено страдал и од други болести, утрово починал во Инфективната болница во Тирана.

„Во последните 24 часа се тестирани 145 сомнителни лица, од кои се потврдени 20 нови случаи со Ковид-19. До денеска се тестирани 1.671 сомнителен случај, од кои со позитивен резултат со Ковид-19 се вкупно 243 лица. Во Албанија има 13 смртни случаи од Ковид-19“, се вели во соопштението.

Министерството додаде дека бројот на излекуваните пациенти е зголемен на 52.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın