економија

Економијата на ЕУ бележи најголем пад од 1995 година

Според податоците на Статистичката агенција на ЕУ (Евростат) БДП н еврозоната исто така бележи пад од 3,3 отсто во период јаунари-март во однос на истиот квартал минатата година

Gökhan Ergöçün  | 30.04.2020 - Обновена : 01.05.2020
Економијата на ЕУ бележи најголем пад од 1995 година

БРИСЕЛ

Бруто домашниот производ (БДП) на Европската унија (ЕУ) под влијание на глобалната пандемија на Ковид-19 е намален за 2,7 отсто на годишно ниво, што е најголем пад од третиот квартал во 2009 година, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според податоците на Статистичката агенција на ЕУ (Евростат) БДП н еврозоната исто така бележи пад од 3,3 отсто во период јаунари-март во однос на истиот квартал минатата година.

Од оваа агенција потсетуваат дека токму во парт земјите членки на ЕУ почнале да воведуваат опсежни мерки во борбата со пандемијата на Ковид-19.

Податоците на Евростат исто така покажуваат дека економиите на ЕУ и еврозоната забележале пад од 3,5 односно 3,8 отсто во првиот квартал, на квартална основа.

„Ова се најголемите падови забележани од 1995 година", се наведува во соопштението на Евростат.

Стапката на невработеност во Европската унија (ЕУ) во март порасна на 6,6 отсто, објави Евростат.

Според податоците на Евростат, ова е 0,1 отсто повеќе во однос на претходниот месец кога невработеноста во ЕУ изнесуваше 6,5 отсто, а за 0,3 отсто помалку во однос на истиот месец минатата година кога изнесувала 6,9 отсто.

Стапката на невработеност во еврозоната во март исто така, порасна на 7,4 отсто со 73 отсто од претходниот месец.

Во соопштението на Евростат се наведува дека во март бројот на невработените во ЕУ изнесувал 14,14 милиони, вклучувајќи 12,16 милиони во еврозоната. Бројот на невработените на месечно ниво зголемен е за 241.000 во ЕУ и 197.000 во еврозоната.

Најниски стапки на невработеност се забележани во Чешка (2 отсто), Холандија (2,9 отсто) и Полска (3 отсто), а највеќе невработени има во Грција со стапки на невработеност од 16,4 отсто и Шпанија 14,5 отсто. Стапката на невработеност во Хрватска изнесувала 6,8 а во Словенија 3,8 отсто.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın