ИСТАНБУЛ (АА) – Биткоинот продолжува со раст и рано утринава околу 07:40 часот по Гринич достигна рекордно ниво од 123.000 долари, јавува Анадолу.
Криптовалутата бележи континуиран раст последниве пет дена, уривајќи рекордни нивоа во текот на изминатата недела.
Според последните податоци, цената на најголемата криптовалута изнесуваше 122.200 долари во 09:25 часот по Гринич, што претставува пораст од 4,2% во однос на претходниот ден.
Според податоците од аналитичката платформа Коинмаркеткеп, вредноста на глобалниот пазар на криптовалути, вклучително и биткоинот, се зголеми за околу 3,5% во последните 24 часа и достигна 3,8 милијарди долари.
Биткоинот, кој е највредна криптовалута според пазарната капитализација, од почетокот на годинава бележи пораст од речиси 27%.
Цената на етереумот, втора најголема криптовалута, се зголеми за околу 2,7%, достигнувајќи вредност од 3.045 долари.