Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Вкупната бројка на смртните случаи од Ковид-19 се искачи на 30

Во изминатите 24 часа, регистрирани се 18 нови случаи, позитивни на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 изнесува 617 лица

Admir Fazlagic  | 08.04.2020 - Обновена : 09.04.2020
Северна Македонија: Вкупната бројка на смртните случаи од Ковид-19 се искачи на 30

СКОПЈЕ (АА) - Министерство за здравство на Република Северна Македонија соопшти дека се регистирани 4 смртни случаи од коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати од овој вирус во земјата се искачи на 30, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје почина едно лице од Куманово на возраст од 73 години. Во својот стан во Кавадарци е пронајдено починато лице на возраст од 44 години, кај кого постмортем е земен брис и истиот вчера потврдил присуство на вирусот", се вели во соопштението на ресорното министерство.

Во денешната статистика на министерството е регистиран и смртнен случај на пациент кој синоќа починал на патот кон болницата „8 септември“ во Скопје.

Исто така, Министерството за здравство дополнително информираше дека денес почина родилката позитивна на Ковид-19 од Куманово на 27 години.

„Таа на 30 март на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје роди недоносено машко новорoденче, негативно на вирусот", се наведува во соопштението.

Во изминатите 24 часа, регистрирани се 18 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје – 7, Куманово – 2, Прилеп – 4, Битола – 2, Кавадарци -1 (починатиот), Крушево – 1 и Кочани -1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 617 лица.

Во изминатото деноноќие, како што информира Министерството за здравство, направени се 351 теста, со што досега во земјата се направени 6.230 тестирања на Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.