İhvan Radoykov
05 Јануари 2017•Ажурирај: 06 Јануари 2017
СОФИЈА (АА) - Поради ширење на птичји грип во 31 подрачје во Бугарија, ќе бидат уништени повеќе од 100.000 пердувести животни, јавува Anadolu Agency (AA).
Заменикот генерален директор на Агенцијата за безбедност на храната во Бугарија (БАБХ), Петја Петкова соопшти дека за првпат една болест толку брзо се раширила во Европа и во Бугарија, и поради тоа повеќе од 100.000 пердувести животни ќе бидат уништени.
Петкова изјави дека поради епидемијата, на ниво на цела Бугарија се преземени сите превентивни мерки во секторот живинарство, во одгледувањето, кланиците за живина и во погоните за обработка на месото, каде што се врши термичка обработка на над 70 Целзиусови степени.
Петкова изјави дека нема место за паника, и сѐ додека народот ги спроведува основните правила за хигиена, болеста не може да се пренесе на луѓето.
Поради брзото ширење на болеста кај домашните и дивите пердувести животни, привремено е забранет ловот на птици на ниво на цела Бугарија.