Балкан

Косовски автобус излета од автопат во Хрватска, загинаа 10 лица

Полицијата установи дека не станува збор за македонски автобус, како што соопшти претходно, туку за косовски автобус

Bedrudin Brljavac  | 25.07.2021 - Обновена : 25.07.2021
Косовски автобус излета од автопат во Хрватска, загинаа 10 лица Фото: АА/Илустрација

ЗАГРЕБ (АА) - Во сообраќајна несреќа што се случи утрово на автопатот кај Славонски Брод (Хрватска) загинаа најмалку десет лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Полицијата најпрво објави дека загинале три лица, а подоцна објави дека во несреќата загинале десет лица, пренесоа хрватските медиуми.

„Ситуацијата е многу тешка и сè уште има многу патници во животна опасност“, изјавија од полицијата на Бродско-посавската жупанија.

Полицијата установи дека не станува збор за македонски автобус, како што соопшти претходно, туку за косовски автобус.

„За време на извршување на увидот полицијата утврди дека станува збор за автобус со косовски национални и регистарски ознаки и дека според моментално достапните информации, во сообраќајната несреќа загинати се 10 лица, додека неколку десетици се пренесени во болницата во Славонски Брод за укажување лекарска помош. Повеќе информации ќе имаме откако ќе заврши истрагата“, соопшти полицијата утрово.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.