Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
01.12.2021

Гласањето за избор на фотографија на годината на Агенција Анадолија, кои ги одбележаа најзначајните настани од годината, започнува на 1 декември, 2021 година. Фотографиите ќе бидат селектирани низ три категории, вклучувајќи „вести“, „живот“ и „спорт“, од фоторепортерите или дописници на Агенција Анадолија, кои имаа влијание врз турските и светските агенди. Агенција Анадолија, турскиот број еден извор на вести, Првиот избор на фотографии на годината го одржа во 2012 година. Оваа година 67 фотографии се избрани од повеќе од 825,000 фотографии од различни места од светот, вклучително Сирија, Палестина, Русија, Канада и Бразил. Оваа година гласањето ќе продолжи до 31 декември, на веб-страницата на Агенција Анадолија на aa.com.tr/photooftheyear. ( Kemal Delikmen - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Mehmet Eser

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија за 2021 година: Маглата го покри Босфорскиот теснец во Истанбул, Турција, 06 ноември 2021 година. ( Mehmet Eser - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Fabio Teixeira

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија за 2021 година: Гробиштата во Рио де Женеиро, 22 октомври 2021 година. ( Fabio Teixeira - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: İzzet Mazı

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија за 2021 година: Атмаџа кучето кое открива мини, со кое работел наредникот Ахмет Акдал, кој почина за време на операција, гледа во нивната фотографија во домот на родителите на Акдал, 18 октомври 2021, Кахраманмараш, Турција. ( İzzet Mazı - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Muhammed Said

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија за 2021 година: 19-годишниот Сиријец Ахмед Дејуб им мавта на птиците од покрив на куќа во Идлиб, Сирија, 14 октомври 2021 година. ( Muhammed Said - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Behçet Alkan

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија за 2021 година: Жена на лулашка која виси од кран со балони на топол воздух во позадина, Невшехир, Турција, 14 октомври 2021 година. ( Behçet Alkan - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Mohammed Shajahan

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија за 2021 година: Деца туркаат количка со ѓубре кое го собрале во Читагонг, Бангладеш, 30 септември 2021 година ( Mohammed Shajahan - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Juancho Torres

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија за 2021 година: Девојки од Вајуу облечени во традиционалниот фустан на заедницата пред танцот „Јона“ познат како ритуалот Чичамаја кој ја претставува социјалната еднаквост, колективната солидарност и подобрувањето на односот помеѓу човекот и Космосот, во Урибија, Ла Гуахира, Колумбија, 25 август 2021 година. ( Juancho Torres - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: İsa Terli

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија за 2021 година: Полумесечина над Џамијата Чамлиџа и Кулата Галата во Истанбул, Турција, 6 јуни 2021 година. ( İsa Terli - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Mehmet Emin Mengüarslan

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија за 2021 година: Две пчеларки (Merops apiaster), едни од најразнобојните видови на птици на сигурносна, бодликава жица, Измир, Турција 20 мај 2021. ( Mehmet Emin Mengüarslan - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Muhammed Enes Yıldırım

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија за 2021 година: Фотографија од дрон го на Џамијата Фатих за време на бајрамската молитва за време на мерките против новиот тип на коронавирусот, Истанбул, Турција, 13 мај 2021 година. ( Muhammed Enes Yıldırım - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Muhammed Enes Yıldırım

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија за 2021 година: Фотографија од дрон на Капали чаршија и нејзината околина покриена со снег во Истанбул, Турција, 16 февруари 2021 година. ( Muhammed Enes Yıldırım - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Tayfun Coşkun

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија за 2021 година: Молњи над Кулата на Слободата во Менхетен, Њујорк, фотографирано од Хобокен Њу Џерси , САД, 13 септември 2021 година. ( Tayfun Coşkun - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: İslam Yakut

​​​​​​Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија за 2021 година: Рибари ја истовараат рибата на бродот за време на првиот ден од риболовната сезона во Истанбул, Турција, 1 септември 2021 година. ( İslam Yakut - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: İsmail Kaplan

​​​​​​Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија за 2021 година: 75-годишната Надиме Демирбаш држи плишано мече кое и е подарено за време на помошта за руралните деца во источната турска област Карс, 21 јули 2021 година. ( İsmail Kaplan - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Bestami Bodruk

​​​​​​Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија за 2021 година: Дете храни еж, семејството Суер се грижи за 7-те ежови кои ги посвоиле откако нивната мајка умрела во Џинар, Дијарбакир, Турција, 7 јули 2021 ( Bestami Bodruk - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Dmitriy Golubovich

​​​​​​Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија за 2021 година: Шпанскиот голаман Унаи Симон (23) Шпанија за време на УЕФА ЕУРО 2020 четвртфиналниот фудбалски натпревар помеѓу Швајцарија и Шпанија на стадионот „Сакт Петербург“ во Санкт Петербург, Русија, 2 јули 2021 година. ( Dmitriy Golubovich - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Elif Öztürk Özgöncü

​​​​​​Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија за 2021 година: Gimnasti;arot Каио Соуза од Бразил на Олимписки игри Токио 2020, 2 август 2021 година, Јапонија. ( Elif Öztürk Özgöncü - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Elif Öztürk Özgöncü

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија за 2021 година: Поглед на Олимпискиот стадион додека спортистите парадираат за време на церемонијата на отворањето на Олимписки игри Токио 2020, Јапонија, 23 јули 2021 година. ( Elif Öztürk Özgöncü - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Burak Akbulut

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија за 2021 година: Деца на тренинг час за борба со бикови во Школата за борба со бикови во Лас Венатс, 15 февруари 2021 година, Мадрид, Шпанија. Лас Вентас е најголемиот ринг за борба со бикови и дом на едни од најдобрите борачи со бикови во државата. ( Burak Akbulut - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Mert Alper Derviş

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија за 2021 година: Човек игра хокеј на мраз на замрзнато езеро Луси во Националниот парк во Алберта, Канада, 3 јануари 2021 година. ( Mert Alper Derviş - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Burak Akbulut

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија за 2021 година: Мерих Демирал (вториот десно), Леонардо Спинацола (Л), Жоргињо (вториот лево) Бонучи (третиот од лево) и Николо Барела (Д) за време на УЕФА ЕУРО 2020 година, натпревар од Групата А помеѓу Турција и Италија на стадионот Олимпико во Рим, Италија, 11 јуни 2021 година. ( Burak Akbulut - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Ali Atmaca

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија за 2021 година: Играч на Галатасарај за време на натпреварите од првата фаза на Суперлигата во кошарка со инвалидска количка, организирани од Турската спортска федерација за телесен инвалидитет помеѓу Фенербахче и Галатасарај во Јалова,Турција, 10 април 2021 година. ( Ali Atmaca - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Elif Öztürk Özgöncü

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија за 2021 година: Лејла Хорто од Франција за време на на Женско Карате Кумити -61 килограми, елиминациска рунда на четиринаесеттиот ден од Олимписките игри во Токио, Јапонија, 6 август 2021 година. ( Elif Öztürk Özgöncü - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Ali Atmaca

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија од 2021 година: Јасемин Адар (Л) од тимот на Турција и Аделина Мариа Греј од тимот на САД за време на четвртфиналната борба во борење - жени, на деветтиот ден од Олимписките игри Токио 2020, Јапонија, 01 август 2021 година. ( Ali Atmaca - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Claudio Pasquazi

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија од 2021 година: Монтана Јоане (Д) од Италија против Квин Тупаева (Л) од „Ол блекс“ Нов Зеланд за време на рагби натпревар помеѓу Италија и „Ол блекс“ на стадионот „Олимпико“ во Рим, Италија, 6 ноември 2021 година. ( Claudio Pasquazi - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Şebnem Coşkun

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија од 2021 година: Турската повеќекратна светска рекордерка и нуркачка, Шахика Ерџумен носи розов тул на зглобот додека нурка со жените по повод Денот за борба против ракот на дојка, за да ја подигне свеста заедно со Здружението за рак кај жените Пи, Турција, 24 октомври 2021 година. ( Şebnem Coşkun - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Mustafa Çiftçi

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија од 2021 година: Натпревар на пеливани на 669. годишен Фестивал во Елмали, во Анталија, Турција, 4 септември 2021 година. ( Mustafa Çiftçi - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Muhammed Said

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија од 2021 година: Сирискиот тренер во бокс Ахмет Девара ги тренира неговите ученици во зграда оштетена за време на нападите на режимот на Асад во Алепо, Сирија, 14 февруари 2021 година. ( Muhammed Said - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Sıraç Karadeniz

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија од 2021 година: Младите подготвени за скијање со нивните рачно изработени дрвени скии во селото Асаги Кајалар во Шемдинли во турската област Хакќари, 5 февруари 2021 година. ( Sıraç Karadeniz - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Dmitriy Golubovich

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија од 2021 година: Дензел Дамфриз (Д) од Холандија во акција против Равел Кадерабек (Л), Чешка, за време на осминафиналето на ЕУРО 2020 помеѓу Холандија и Чешката Република во Арената „Ференц Пушкаш“ во Будимпешта, 27 јуни 2021 година ( Dmitriy Golubovich - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Sefa Karacan

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија од 2021 година: Поглед од воздух на учесниците на парадата одржана во рамките на фестивалот за сурфање „Стен ап Падл“ (СУП) на веслачкиот канал Крилатскоје во Москва, Русија, 12 септември 2021 година. ( Sefa Karacan - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Gökhan Balcı

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија од 2021 година: Главниот борач Али Гурбуз (Л) во акција и неговиот противник на вториот ден од натпреварот на Фестивалот на пеливани Киркпинар одржан во Едрене, Турција, 10 јуни 2021 година. ( Gökhan Balcı - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Neal Waters

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија од 2021 година: Чад и пламен се крева од пожарот во Калдор долж американскиот автопат 50 во близина на Кибурц, Калифорнија, Соединетите Американски Држави, 26 август 2021 година. ( Neal Waters - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Ali Jadallah

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија од 2021 година: Чад по уништувањето на зградата од страна на израелските сили во Газа, каде Ал Џезира, Асошиетед прес имаа свои канцеларии, 15 мај 2021 година. ( Ali Jadallah - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Mahmut Serdar Alakuş

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија од 2021 година: Техничарите вршат сервис за одржување на ветерни турбини, вклучувајќи поправки, проверка и чистење на перките во Измир, Турција, 19 февруари. Во Турција, каде што се зголемени инвестициите за обновлива енергија, има над 3.500 турбини на ветер. ( Mahmut Serdar Alakuş - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Sergen Sezgin

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија од 2021 година: Здравствени работници кои продолжуваат да работат како дел од борбата против новиот тип на коронавирус во Бурса, пристигнуваат во домовите на граѓаните во руралните населби и не можат да дојдат во болница за да се вакцинираат поради неповолните временски услови; село во подножјето на планината Улудаг, Бурса, Турција, 18 февруари, 2021 година. ( Sergen Sezgin - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Mustafa Çiftçi

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија од 2021 година: Новинари бегаат од пожарите додека копнените и воздушните тимови продолжуваат со гасењето на шумскиот пожар кој избувна во областа Манавгат и продолжува во Анталија, Турција, 1 август 2021 година. ( Mustafa Çiftçi - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Aytaç Ünal

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија од 2021 година: Првата жена пилот на јуришен хеликоптер во Турција, Озге Карабулут, 5 април 2021 година, Анкара. Турската полиција добива повеќе сила во борбата против криминалот, особено тероризмот, со вклучување на хеликоптерот „Атак“. ( Aytaç Ünal - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Haroon Sabawoon

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија од 2021 година: Авганистанци се качуваат преку ѕид за да влезат на аеродромот Хамид Карзаи додека илјадници Авганистанци се обидуваат да побегнат од главниот град на Авганистан, Кабул, 16 август 2021 година. ( Haroon Sabawoon - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Sefa Karacan

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија од 2021 година: Нерегуларни мигранти во близина на контролниот пункт Брузги продолжуваат да чекаат на белоруско-полската граница на студено време, 18 ноември 2021 година, Гродно, Белорусија. ( Sefa Karacan - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Bilal Güler

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија од 2021 година: Зависници од дрога се во болницата „Авицена“ за лекување од дрога во Кабул, Авганистан, 25 октомври 2021 година. ( Bilal Güler - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Mostafa Alkharouf

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија од 2021 година: Палестинска мајка Ум Ала е прекината од израелската полиција при посетата на гробот на нејзиниот син починат од срцев удар во 2017 година, во близина на источните ѕидини на Џамијата Ал Акса во Старото јадро на Кудс (Ерсусалим), на 25 октомври 2021 година. ( Mostafa Alkharouf - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Amer Shallodi

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија од 2021 година: Израелски војници уапсија 10-годишно Палестинче Исмаил ен Ниче во Хеброн, Западниот Брег, на 23 септември, 2021 година. ( Amer Shallodi - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Mahmut Serdar Alakuş

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија од 2021 година: Шумските пожари го осветлуваат небото над Мугла, Мармарис, во Турција на 29 јули 2021 година. Копнените и тимовите за гасење на пожарот од воздух се на терен. Шумските пожари кои започнаа напладне продолжија и вечерта. ( Mahmut Serdar Alakuş - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Sezgin Pancar

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија од 2021 година: Жителите на населбата Ишикли, каде пожарот зема замав поради силните ветрови, ја гледаат работата на противпожарната бригада за време на шумските пожари, кои избувнаа во областа Силифке во Мерсин, Турција, на 29 јули 2021 година. ( Sezgin Pancar - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Elif Öztürk Özgöncü

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија од 2021 година: Исцрпени пожарникари при гаснењето на пожар кој избувна во подрачјето на Фатих, Турција на 28 јуни, 2021 година. ( Elif Öztürk Özgöncü - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Muhammed Enes Yıldırım

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија од 2021 година: Фотографија од дрон која ги покажува бродовите со зголемено ниво на слуз на брегот Џадебостан во Истанбул, Турција на 15 јуни, 2021 година. ( Muhammed Enes Yıldırım - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Muhammed Said

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија од 2021 година: Повредени деца добиваат медицинска помош откако руските воени авиони спроведоа воздушни напади во селата во Идлиб, Сирија, 12 јуни, 2021 година. ( Muhammed Said - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Mustafa Hassona

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија од 2021 година: Палестинка ги бања своите внуци во када во тешко оштетената зграда од израелските напади откако Палестинците се вратија во своите домови во Беит Ханун обидувајќи се да продолжат со секојдневениот живот меѓу урнатините, уништените и оштетени згради и коли во Беит Ханун, Газа, 12 јуни, 2021 година. ( Mustafa Hassona - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Bilal Kahyaoğlu

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија за 2021 година: Поглед на делумно урната зграда по обилните дождови кои предизвикаа поплави во подрачјето на Бозкурт во Кастамону, Турција на 15 август 2021 година. ( Bilal Kahyaoğlu - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Murtadha Al-Sudani

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија за 2021 година: Судири меѓу безбедносните сили и демонстрантите во Багдад, кои сакаа да навлезат во Зелената зона каде се наоѓаат владините згради, за време на антивладините демонстрации поради смртта на граѓански активисти и лошите услуги на плоштадот Тахрир во центарот на главниот град на Ирак Багдад на 25 мај 2021 година. ( Murtadha Al-Sudani - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Marcos Moreno

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија од 2021 година: Медицинско лице се обидува да се погрижи за мигрант додека војниците стојат над него во Сеута на 18 мај, 2021 година. Најмалку 6.000 мигранти пристигнаа пливајќи и преку мали чамци до шпанската територија Сеута. ( Marcos Moreno - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Ashraf Amra

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија од 2021 година: Повредено палестинско дете спасено од под урнатините како резултат на воените напади од израелската армија во кои беа погодени зградите во населбата Ал-Римал во градот Газа, 16 мај 2021 година. ( Ashraf Amra - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Ali Jadallah

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија од 2021 година: Палестинка за време на спасувачките напори за евакуиација на Палестинците од под урнатините на зградите уништени во израелски воздушни напади врз Газа, во Беит Ханон, Газа, 14 мај, 2021 година. ( Ali Jadallah - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Anton Brink

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија од 2021 година: Поглед кон вулканската ерупција во Гелдингадалур на полуостровот Рејкјанес во Исланд на 21 март, 2021 година. ( Anton Brink - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Mohammed Hamoud

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија од 2021 година: Жена која го држи своето дете кое е на лекување поради неухранетост во болницата Ал Сабин. Јеменските деца се соочуваат со глад и недостаток на помош во Сана, Јемен 13 февруари , 2021 година. ( Mohammed Hamoud - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Tayfun Coşkun

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија за 2021 година: Поддржувачите на претседателот Доналд Трамп се собраа пред зградата Капитол во Вашингтон во Соединетите Американски Држави (САД) на 06 јануари 2021 година. Поддржувачите на Трамп упаднаа во зградата кога пратениците требаше да потпишат за изборната победа на новоизбраниот претседател Џо Бајден. ( Tayfun Coşkun - Агенција Анадолија )

Започна гласањето во изборот за фотографии на годината на Агенција Анадолија за 2021 година
Fotoğraf: Muhammed Said

Најдобрите фотографии на Агенција Анадолија од 2021 година: Повредено дете во амбулантно возило по нападите од страна на силите на режимот на Башар ал- Асад и неговите поддржувачи во зоната на деескалација во областа Идлиб во северозападниот дел на Сирија на 17 јули 2021 година. ( Muhammed Said - Агенција Анадолија )

instagram_banner

Од Турција, од светот, од небо, од копно, најмоќните фотографии од самото место на настаните на нашиот Instagram профил. Следете нѐ

Најнови