Турција

Турција изврши извоз на лешници во вредност од 1,78 милијарди долари

Германија и во изминатата сезона беше најголем купувач на турскиот лешник, а оваа земја од Турција увезе 69.901 тон, односно во вредност од 424,9 милиони долари.

Atakan Çıtlak  | 14.09.2018 - Обновена : 15.09.2018
Турција изврши извоз на лешници во вредност од 1,78 милијарди долари

Giresun

ГИРЕСУН (АА) - АТАКАН ЧИТЛАК - Турција е најголем светски извозник на лешници, а во изминатата сезона оваа земја забележа извоз од речиси 290.000 тони, со што е остварен приход од 1,78 милијарди долари, јавува Anadolu Agency (AA).

Според податоците на Црноморскиот сојуз на извозници на јаткасти плодови, Турција во изминатата сезона оствари извор на лешници од 289.777 тони. Лешникот е извезен во 119 земји на светот, а од тоа Турција инкасираше 1,78 милијарди долари.

Како и во последните девет години, Германија и во изминатата сезона беше најголем купувач на турскиот лешник, а оваа земја од Турција увезе 69.901 тон, односно во вредност од 424,9 милиони долари.

По Германија, меѓу најголемите купувачи на турскиот лешник следуваат Италија со 57,3 тони (373,3 милиони долари) и Франција со 20,4 тони (124,5 милиони долари).

Уште еден интересен податок бележи Руанда, која во изминатата сезона изврши увоз на 10 килограми турски лешник.

Речиси 75 отсто од извозот на турскиот лешник е остварен во земјите на ЕУ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın