Балкан

Грабар-Китаровиќ во тридневна официјална посета на Албанија

Иако нема многу отворени прашања помеѓу двете земји, сепак, сериозен проблем претставуваат големите количини отпад кои од дивите депонии во Албанија секоја година го затрупуваат хрватското крајбрежје

Bedrudin Brlyavac  | 18.07.2018 - Обновена : 18.07.2018
Грабар-Китаровиќ во тридневна официјална посета на Албанија Olsi Shehu/АА

Sarajevo

ТИРАНА (АА) - Претседателката на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ, ја започна тридневната официјална посета на Албанија, јавува Anadolu Agency (AA).

Првиот ден, по свечениот пречек, Грабар-Китаровиќ во Тирана се состана со албанскиот претседател Илир Мета.

Иако нема многу отворени прашања помеѓу двете земји, сепак, сериозен проблем претставуваат големите количини на отпад кои од дивите депонии во Албанија секоја година го затрупуваат хрватското крајбрежје.

Албанскиот претседател Илир Мета истакна дека соработката меѓу Хрватска и Албанија е проширена на прашањето за заштита на животната средина и управување со отпадот.

„Ова е можност да изразам благодарност до Хрватска за поддршката што ја даде за заедничкиот проект со УНДП, кој вклучува управување со морето и отпадот“, рече Мета.

Грабар-Китаровиќ изјави дека тоа е важно прашање помеѓу двете земји.

„Отпадот секоја година во зимските месеци го носат ветровите и морските струи од соседните јадрански земји, вклучувајќи ја и Албанија, а завршува на хрватското крајбрежје. Животната средина е едно од најкомплексните подрачја во процесот на пристапување кон Европската Унија, и Хрватска е подготвена да го сподели своето знаење и искуство, па и она во користењето на фондовите на ЕУ“, рече Грабар-Китаровиќ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.