Балкан

„Од Сирија вратени 110 косовски граѓани"

Четворица борци се приведени и одреден им е 48-часовен притвор

Zülfiya Yakup  | 20.04.2019 - Обновена : 21.04.2019
„Од Сирија вратени 110 косовски граѓани"

ПРИШТИНА (AA) - Косовскиот министер за правда, Абелард Тахири, на вонредна конференција за медиуми, објави дека 110 косовски граѓани, главно жени и деца, кои престојувале во Сирија, се вратиле во земјата во раните утрински часови со авион од Истанбул, пренесува Anadolu Agency (AA).

Тахири изјави дека на нивното враќање се работело од октомври минатата година, додека Работната група била водена со помош од Соединетите Американски Држави (САД) и другите држави кои се во сојуз против тероризмот.

„Одлуката за нивното враќање во Косово е донесена во соработка со институциите на земјата, а нивните предмети и понатаму ќе бидат третирани во согласност со важечките закони“, рече Тахири.

Тахири наведе дека децата, кои се меѓу вратените, поминале низ трауматски период и истакна дека ќе работат на нивна интеграција.

Тој рече дека споменатата акција испраќа јасна порака дека Косово не ги напушта своите граѓани и дека „не поддржува такви програми на тероризмот“.

На конференцијата говореше и директорот на Полицијата на Косово, Рашит Калај, кој рече дека во Сирија и понатаму има борци од Косово.

„Косовската полиција, врз основа на својот мандат, беше дел од координацијата на оваа операција. Во Косово се вратија четворица борци, 32 жени и 74 деца, од кои две ги загубија своите родители. Остануваме посветени на тоа да им понудиме сигурност на повратниците од Сирија“, рече Калај.

Калај укажа дека од Косово во Сирија има 30 борци, 49 жени и 8 деца.

Жените и децата вратени од Сирија се сместени во Центарот за баратели на азил во Вранидол, во близина на Приштина, додека четворица борци се приведени и одреден им е 48-часовен притвор.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın