Турција

Врховната изборна комисија на Турција: Имамоглу освои 54,21 отсто од гласовите

Од вкупно 10.560.963 лица со право на глас, гласале 8.925.063, а излезноста на изборите изнесувала 84,5 отсто

Ekipa  | 24.06.2019 - Обновена : 25.06.2019
Врховната изборна комисија на Турција: Имамоглу освои 54,21 отсто од гласовите

АНКАРА (АА) - Претседателот на Врховната изборна комисија на Турција (YSK), Сади Ѓувен, денес соопшти дека сите резултати од повторените избори за градоначалник на Истанбул одржани вчера се внесени во системот, и дека кандидатот Екрем Имамоглу освоил 4.741.868 гласа, односно 54,21 отсто, јавува Anadolu Agency (AA).

Ѓувен по доаѓањето во Врховната изборна комисија рече дека повторените избори се завршени и дека се обработени сите податоци.

Како што соопшти, од вкупно 10.560.963 лица со право на глас, гласале 8.925.063. Важечки гласови биле 8.746.464, а неважечки биле 178.599. Излезноста изнесувала 84,5 отсто.

Податоците покажуваат дека кандидатот на опозициската Републиканска народна партија (CHP), Екрем Имамоглу, освоил 4.741.868 гласови (54,21 отсто), неговиот опонент, кандидатот на владејачката Партија за правда и развој (AK Parti), Бинали Јилдирим, 3.935.453 (44,99 отсто), кандидатот на партијата Саадет, Неџдет Гокчинар, освоил 47.829 (0,55 отсто), додека кандидатот на партијата Татковина, Мустафа Илкер Јуџел, 14.545 гласа (0,17 отсто).

Сади Ѓувен истакна дека партиите имаат право за поднесување жалба, а процесот за тоа ќе биде отворен до утре до 15 часот по локално време.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.