Завршени се 270 судења против пучистите на ФЕТО во Турција

- Турското правосудство заврши вкупно 270 судски процеси и на затворски казни осуди 3.838 обвинети за учество во обидот за воен удар кој терористичката организација ФЕТО го изврши на 15 јули 2016 година во Турција, јавува Anadolu Agency (AA). Турските обвинителства во изминатиот период спроведоа над 100.000 истраги против виновниците за обидот за јулски пуч, членови на терористичката организација ФЕТО.

11.11.2019