Во недела се вози Големата награда на Унгарија

- Во Будимпешта, главниот град на Унгарија, на патеката „Хунгароринг“ во недела на 4 август со почеток во 15:10 часот ќе се одржи трката за Големата награда на Унгарија. На патеката со должина од 4.381 метар, возачите на Формула 1 ќе се борат кој побргу ќе ги извози 70-те круга за пехарот на Унгарија. Во сабота, 3 август, со почеток во 15:00 часот ќе започне борбата за полпозициите на трката.

02.08.2019