Турција

Кафетерија во Капали-чаршија служи топли пијалаци веќе 111 години

Кафетеријата започнала со работа во 1909 година, датумот е напишан на нивната визит-карта, а има и потврда која датира од Османлискиот период

İdris Sülün  | 07.02.2020 - Обновена : 11.02.2020
Кафетерија во Капали-чаршија служи топли пијалаци веќе 111 години

ИСТАНБУЛ (АА) - Кафетерија во познатата Капали-чаршија во Истанбул веќе 111 години придонесува кон големото историско богатство на чаршијата, пишува Агенција Анадолија (АА).

Кафетеријата „Етем Тезчакар Кахвеџи“ служи илјадници чаши автентичен турски чај и кафе секој ден.

Посетителите го пијат топлиот пијалак седнати на малите столчиња наредени пред дуќанот.

Бекир Тезчакар, по професија градежен инженер, се труди да ја продолжи семејната традиција.

„Она што е важно за нас е да ја пренесеме довербата и традицијата на семејството на идните генерации“, рече тој.

„Живеев имајќи ја таа цел, се обидов да го одржам до денес, а мојата единствена цел денес е да го пренесам овој културен имот, да го претставам семејството и општеството на вистинскиот начин, и да направам еден чекор понапред во одржувањето на овие традиции“, рече Тезчакар, говорејќи за кафетеријата која ја води неговото семејство веќе пет генерации.

Тој истакна дека тие муштериите отсекогаш ги сметале како свои гости.

„Никогаш не го гледам ова место како кафетерија или место од каде што купувате нешто, или пак бизнис. За нас луѓето што нѐ посетуваат никогаш не биле муштерии, туку секогаш биле гости. Јас тежнеев само кон тоа да го претставам моето семејство и себеси како мал дел од Капали-чаршијата на правилниот начин, без да барам никакви придобивки од професијата, титули и кариери од [муштериите]“.

Нивната кафетерија започнала со работа во 1909 година, датумот е напишан на нивната визит-карта. Имаат и потврда која датира од Османлискиот период.

Го отворил неговиот прапрапрадедо кој пристигнал во Истанбул од североисточната турска област Ерзинџан кон крајот на 19 век.

„Мојот прапрадедо, особено дедо ми, а подоцна и татко ми, секој од нив има вложено огромен труд [во водењето на кафетеријата], но всушност татко ми Етем Тезчакар вложи огромен труд во еден најпроблематичен период, издигнувајќи го ова место до неговата денешна слава“, изјави Тезчакар за АА.

„Капали-чаршијата е културен и историски споменик и трговско средиште. Никогаш не чувствувавме дека ова место ни припаѓа нам, секогаш го земавме тоа со резерва“, додаде тој.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.