свет

Сушата во Сомалија им се заканува на милиони деца

Сомалија доживеа повеќе од 30 природни катастрофи како што се поплави и суши поради климатските промени од 1990 година

Gökhan Kavak   | 24.11.2021
Сушата во Сомалија им се заканува на милиони деца

ИСТАНБУЛ (АА) - Меѓународната невладина организација „Спасете ги децата“ (Save The Children) предупреди дека во Сомалија милиони деца се под закана за криза со храна предизвикана од сушата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на „Спасете ги децата“ за сушата во Сомалија, се наведува дека во земјата речиси половина од населението се бори со сушата и негативните ефекти кои произлегуваат од неа.

Исто така, се наведува дека сушата во земјата најмногу ги погодила децата, и дека под закана се милиони деца.

Организацијата, укажувајќи дека чистата вода е исцрпена во многу делови од земјата и дека семејствата не можат да најдат храна, повика на итна помош за заштита на децата во Сомалија од сушата и нејзините ефекти.

Владата на Сомалија прогласи вонредна состојба низ целата земја поради сушата што го зголеми нејзиниот ефект на 23 ноември.

Според податоците на Обединетите нации, милиони луѓе имаат итна потреба од помош во земјата каде што сезонските врнежи не се во доволни количества.

Сомалија доживеа повеќе од 30 природни катастрофи како што се поплави и суши поради климатските промени од 1990 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın