свет

Руски експерти: Турција стана регионална сила

„Турција ги зајакна своите позиции во регионот во последните пет години и го зголеми своето влијание врз соседните земји“, рече Амур Гаџиев, директор на Центарот за современи студии за Турција во Русија

Dmitri Chirciu   | 23.07.2021
Руски експерти: Турција стана регионална сила

МОСКВА (АА) - Руски експерт истакна дека Турција игра важна улога на меѓународната сцена и стана регионална сила, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Институтот за современи меѓународни прашања при Дипломатската академија на руското Министерство за надворешни работи организира тркалезна маса на тема „Русија и Турција: вчера, денес, утре“.

Олег Карпович, директор на Институтот за современи меѓународни прашања, укажа на важноста на односите меѓу Русија и Турција, и рече: „Турција во последно време игра важна улога на меѓународната арена. Затоа, интеракцијата меѓу Русија и Турција стана важна агенда во меѓународните односи.“

Карпович нагласи дека Турција започна да игра важна улога во Јужен Кавказ и Централна Азија.

- „Турција ја зајакна својата позиција во регионот во последните пет години“ -

Амур Гаџиев, директор на Центарот за современи студии за Турција во Русија, оценувајќи ја надворешната политика на Турција, истакна: „Статусот на Турција во регионалната и глобалната политика е променет. Турција учествуваше во креирањето на регионалната агенда и процесите на регионалната трансформација.“

Посочувајќи дека има промени во односите на Турција со странските земји, Гаџиев рече дека турската надворешна политика напредува во „прагматичен“ правец.

Тој нагласи дека Турција дејствува во согласност со нејзините национални интереси.

„Турција ги зајакна своите позиции во регионот во последните пет години и го зголеми своето влијание врз соседните земји“, додаде тој.

Истакнувајќи дека Русија и Турција презедоа иницијативи за решавање на прашањата за Сирија, Либија и Карабах, Гаџиев потсети дека билатералните односи се на стратешко ниво.

- „Ердоган, силен лидер“

Али Мустафабејли, раководител на Центарот за евроазиски студии на Институтот за современи меѓународни проблеми, истакнувајќи го значењето на развојот на односите меѓу Русија и Турција, рече: „Интеракцијата меѓу двете земји продолжува, и покрај тешкотиите.“

Својата почит кон турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја изрази со зборовите: „Ердоган е силен лидер. Ердоган се обидува да дејствува независно.“

Радик Амиров, раководител на Евроазискиот културен центар, посочи дека Турција е важен партнер за Русија: „Турција е важна од геополитички аспект. Имаме некои слични и некои различни размислувања со Турците.“ ​​​​​​​

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.