свет

Русија ги продолжи санкциите кон западните земји

Со декретот потпишан од Путин, Русија до 31 декември 2022 година ги продолжи контрасанкциите воведени како одговор на санкциите на некои земји, вклучително и САД и Европската Унија (ЕУ) поради рускиот став кон Украина и илегалната анексија на Крим.

Emre Gürkan Abay   | 20.09.2021
Русија ги продолжи санкциите кон западните земји

МОСКВА

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за продолжување на санкциите воведени од страна на неговата земја врз некои западни земји до 31 декември 2022 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Со декретот потпишан од Путин, Русија до 31 декември 2022 година ги продолжи контрасанкциите што ги воведе како одговор на санкциите што ги воведоа некои земји, вклучително и САД и Европската Унија (ЕУ) поради ставот кон Украина и илегалната анексија на Крим.

Со својата одлука на 10 септември, ЕУ ги продолжи економските санкции воведени за одредени сектори на Русија за 6 месеци поради дестабилизацијата на Украина.

ЕУ првпат донесе одлука за воведување економски санкции кон Русија во 2014 година.

Во согласност со проширените економски санкции, 28 земји членки на ЕУ не продаваат оружје на Русија.

Санкциите го ограничуваат руското купување на некои технологии што се користат во секторите за нафта и гас од земјите на ЕУ.

Покрај тоа, руските јавни банки се исклучени од финансискиот сектор во Европа.

Дополнителните санкции на ЕУ, кои се состојат од замрзнување на имотот и забрана за патување, исто така опфаќаат многу руски и сепаратистички високи функционери.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın