свет, Коронавирус

Во Германија регистрирани над 190.000 случаи на Ковид-19

Институтот „Роберт Кох“ (РКИ) соопшти дека за порастот на бројот на нови случаи на заразување е одговорна омикрон-варијантата која сега сочинува најмалку 95 отсто од последователните случаи на Ковид-19 во земјата.

Ayhan Şimşek   | 28.01.2022
Во Германија регистрирани над 190.000 случаи на Ковид-19

БЕРЛИН (АА) - Во Германија денеска се потврдени повеќе од 190.000 случаи на Ковид-19, со оглед на тоа што Омикронот продолжува да се шири брзо, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Институтот „Роберт Кох“ (РКИ), агенција за контрола на болести во земјата, потврди 190.148 нови случаи на Ковид-19 во изминатите 24 часа и 170 смртни случаи како последица на вирусот.

Овој број на новозаразени е малку понизок од рекордниот дневен број од 203.136 случаи на Ковид-19 пријавен вчера.

Од РКИ е соопштено дека за порастот на бројот на нови случаи на заразување е одговорна омикрон-варијантата која сега сочинува најмалку 95 отсто од последователните случаи на Ковид-19 во земјата.

Говорејќи на прес-конференција во Берлин, шефот на РКИ, Лотар Вилер, предупреди дека хоспитализациите на пациенти со Ковид-19 почнуваат повторно да се зголемуваат, особено кај помладите возрасни лица.

Тој ги повика луѓето строго да ги следат мерките за борба против коронавирусот, правилата за хигиена и физичко дистанцирање и да се вакцинираат што е можно поскоро.

„Вакцинирањето е најдобриот начин да се постигне имунитет“, нагласи тој.

„Досега, речиси 74 отсто од германското население е целосно вакцинирано против Ковид-19, а 52 отсто примиле бустер дози“, се вели во соопштението на РКИ.

Германија е меѓу земјите најтешко погодени од пандемијата на Ковид-19 во Западна Европа и е на петтото највисоко ниво на пријавени случаи, по Франција, Велика Британија, Италија и Шпанија.

Земјата од 83 милиони има пријавено повеќе од 9,2 милиони случаи на заразување и речиси 118.000 смртни случаи од почетокот на пандемијата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın