Турција

Anadolu Agency дојде до нови снимки од неуспешниот обид за пуч во Турција

Снимките содржат моменти кога граѓаните заедно со полицијата го запираат тенкот на мостот „Халич“, кој тргнал во помош на војниците пучисти...

Murat Paksoy   | 11.07.2019
Anadolu Agency дојде до нови снимки од неуспешниот обид за пуч во Турција

ИСТАНБУЛ (АА) - МУРАТ АКСОЈ -

Откриени се нови видеоснимки во врска со епската борба на турските граѓани за време на обидот за државен удар на 15 јули во 2016 година извршен од страна на терористичката организација ФЕТО во Турција.

Anadolu Agency (AA) дојде до нови видеоснимки во врска со предавничкиот обид за државен удар извршен на 15 јули во 2016 година од страна на војниците припадници на ФЕТО кои се инфилтрирале во Вооружените сили на Турција, на кои се забележува историскиот отпор на граѓаните против државниот удар.

Снимките содржат моменти кога граѓаните заедно со полицијата го запираат тенкот на мостот „Халич“, кој тргнал во помош на војниците пучисти кои имале за цел да ја окупираат зградата на Гувернерството на Истанбул, но доживеале тешки моменти поради отпорот на граѓаните. Се забележува како овие војници пучисти се приведуваат од страна на полицајците.

На снимките се забележува дека граѓаните се качуваат врз оклопното возило, ризикувајќи го својот живот, за да се спречи движењето на ова оклопно возило на мостот „Халич“.

Овие снимки покажуваат дека бројот на лицата кои покажуваат отпор се зголемува за кратко време, додека возачите на возилото излегуваат од нивните возила за да реагираат или ги управуваат нивните возила пред тенкот за го спречат неговото движење.

Исто така, на овие снимки се забележува како граѓаните извесно време се повлекуваат поради интервенцијата со солзавец, но веднаш се враќаат за повторно да го опколат военото возило.

По приведувањето на војниците пучисти од страна на полицијата, видливо е дека граѓаните се оддалечуваат од местото, и сообраќајот на овој мост, под контрола на полицијата, се враќа во нормала.

- Граѓаните легнуваат пред тенкот -

Паралелно со овој настан, на некои други снимки обезбедени од страна на АА, од Автопатот Д-100 во подрачјето на Сефаќој. Група граѓани ги запре пучистите на автопатот Д-100, а потоа и седна и легна на патот за да спречи понатамошно движење на пучистите. Пучистите потоа се свртеа и тргнаа назад, а граѓаните повторно тргчаа по тенкот за да го запрат.

Обвинителот Орган Ајдин токму за тој случај покрена обвинение против 24 осомничени лица за обидот за пуч.

Тоа беше четврто обвинение покренато за обидот за пуч во Турција, а првообвинетиот подофицер Јусуф Јилдиз е осуден на тежок доживотен затвор за обид за рушење на уставен поредок. Преостанатите 23 војници се ослободени.

Терористичката организација ФЕТО стои зад неуспешниот обид за државен удар во Турција во ноќта на 15 јули 2016 година.

Членовите на оваа терористичка организација, со години, преку местење на испити напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, во правосудството на Турција, преку наместен процес поради наводна корупција се обидоа да процесуираат бројни високи функционери.

Неколку години подоцна следуваше и крвавиот обид на терористите на ФЕТО, кога на 15 јули офицерите во турската војска, припадници на терористичката организација, започнаа пуч.

Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја земја во која е активна, а на тоа во повеќе наврати укажаа и турските функционери. Во текот на обидот за државен удар во Турција загинаа 251 лице, а ранети се околу 2.200 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın