Турција

„Турција почнува со екстрадиција на припадниците на ДЕАШ во матичните земји“

„Ние ѝ кажавме на Европа дека ќе ѝ ги вратиме [терористите на ДЕАШ] назад, се надеваме дека со тоа ќе започнеме од понеделник“

Sena Güler   | 08.11.2019
„Турција почнува со екстрадиција на припадниците на ДЕАШ во матичните земји“

АНКАРА (АА) - Турција ќе започне со екстрадиција на заробените терористи на ДЕАШ во нивните матични земји од 11 ноември, соопшти турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, јавува Anadolu Agency (AA).

„Терористичката организација ПЈД [ПКК] ги ослободи терористите на ДЕАШ, а ние ги фаќаме“, изјави Сојлу на настан во турскиот главен град Анкара.

„Ние ѝ кажавме на Европа дека ќе ѝ ги вратиме [терористите на ДЕАШ] назад, се надеваме дека со тоа ќе започнеме од понеделник“, рече Сојлу, додавајќи дека сите тие се државјани на европските земји.

Анкара соопшти дека припадниците на ДЕАШ ќе ги врати во Европа, назад во своите земји, но европските земји го одбиваат тоа, велејќи дека терористите на ДЕАШ биле денационализирани.

„Тие [европските земји] велат: ние им ги одзедовме државјанствата, така што можете да правите што сакате [со нив], додаде Сојлу.

„Турција ќе ги екстрадира, без оглед на тоа“, нагласи турскиот министер Сојлу.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın