Турција

„Турција нема да дозволи терористичко присуство на нејзините граници“

„Турција има за цел да го елиминира присуството на терористите на ПКК/ПЈД источно од Еуфрат и да го обезбеди враќањето на бегалците, со тоа што ќе го претвори регионот во зона на мирот“

Ekipa   | 11.09.2019
„Турција нема да дозволи терористичко присуство на нејзините граници“

АНКАРА (АА) - Турција сака со формирањето на безбедносна зона источно од реката Еуфрат во северна Сирија да се елиминираат терористичките закани и да се решат прашањата поврзани со бегалците, јавува Anadolu Agency (AA).

„Турција има за цел да го елиминира присуството на терористите на ПКК/ПЈД источно од Еуфрат и да го обезбеди враќањето и преселувањето на бегалците, со тоа што ќе го претвори регионот во зона на мирот“, изјави Нурсин Атешоглу Ѓунеј, членка на турскиот претседателски Совет за безбедност и надворешна политика, за новинарите на панел-дискусијата во Анкара.

„Целта на Турција е да спречи регионот повторно да се претвори во воена зона каде што се појавува тероризмот при нестабилност која би се појавила со евентуален колапс на Сирија“, додаде таа.

Ѓунеј истакна дека мировниот коридор во регионот ќе го спречи порастот на терористичката закана по должината на турската граница со Сирија и Ирак.

Турските и американските воени претставници на 7 август постигнаа договор дека планираната безбедносна зона во северна Сирија ќе служи како „мировен коридор“ за раселените Сиријци кои сакаат да се вратат дома, и дека ќе се воспостави Заеднички оперативен центар во Турција за координирање на коридорот.

Договорот, исто така, предвидува воспоставување неопходни безбедносни мерки за решавање на безбедносните проблеми на Турција, вклучително и расчистување на зоната од терористичката организација ЈПГ/ПКК, организација со која Соединетите Американски Држави (САД) понекогаш играа сојузничка улог, и покрај приговорите на Турција.

Ѓунеј истакна дека Турција околу една година доопремува воени сили и муниција на границата и повтори дека ќе преземе активности доколку заканата за нејзината национална безбедност стане „неподнослива“.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во неделата изјави дека Турција ќе продолжи сама доколку воспоставувањето безбедносна зона источно од Еуфрат во северна Сирија не започне до крајот на септември.

Ердоган изјави дека Турција и САД дискутираат за безбедносната зона во северна Сирија, но дека со секој нареден чекор се гледа дека она што Турција го сака, не се совпаѓа со она што САД го размислуваат.

„Додека Турција има за цел комплетно да го елиминира гнездото на терористичката организација во северниот дел на Сирија, САД се стремат за соработка со Турција и терористите на иста основа“, изјави Ердоган.

„Изгледа дека сојузникот на Турција се стреми кон безбедносна зона во северна Сирија не за Турција, туку за терористичката група. Ние го одбиваме ваквиот пристап“, изјави тој.

- Операциите во Сирија не претставува окупација, туку самоодбрана –

Турција не може да го прифати присуството на терористите на ПКК/ПЈД на сириската граница, изјави за АА Месут Хакки Џашин, професор по право на истанбулскиот Универзитет „Једитепе“.

„Постои политичка поддршка зад турската армија. Турција на крајот ќе започне воена операција“, рече Џашин.

„Турција го користи своето право на самоодбрана според член 51 [од Повелбата на ОН] и евентуалната операција нема да биде окупација, туку операција за самоодбрана“, рече тој.

Џашин рече дека евентуалната операција ќе биде хуманитарна и дека таа всушност мора да ја спроведат ОН.

„Единствената опција тука е да се елиминираат терористичките организации во регионот, иако тоа е долг и тежок пат“, додаде тој.

Турција и американскиот воен персонал во неделата ја завршија првата заедничка копнена патрола за воспоставување безбедносна зона источно од Еуфрат во Сирија.

Патролата беше поддржана од беспилотни воздушни летала и хеликоптери.

ЈПГ е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која во изминатите 30 години е одговорна за смртта на речиси 40.000 луѓе во Турција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın