Турција

„Турција е една од земјите кои даваат најголем придонес во операциите и мисиите на НАТО"

„Географски се наоѓаме во Јужното крило на алијансата, но благодарение на придонесот што го дава, Турција се наоѓа точно во центарот на НАТО“, истакнуваат безбедносните извори

Sefa Şahin,Sarp Özer   | 02.12.2019
„Турција е една од земјите кои даваат најголем придонес во операциите и мисиите на НАТО"

АНКАРА (АА) - Министерството за одбрана на Турција организираше прес-конференција на тема „Придонесот на Турција во НАТО“, јавува Агенција Анадолија (АА).

На прес-конференција зборуваше пешадискиот полковник Олџај Денизер, началник на одделот за план, координација и анализа во Советништвото на Министерството за одбрана на Турција, истакнувајќи дека од 18 февруари 1952 година кога станала членка на НАТО па наваму, Турција дала важен придонес во меѓународната безбедност и стабилност.

Осврнувајќи се на фактот дека сите членки на НАТО имаат подеднакво членство и право на збор, Денизер истакна „Турција има право на вето. Тоа е важна политичко-воена организација во која нашата земја има целосна политичка контрола.“

Потсетувајќи дека Турција дала многу голем придонес во завршувањето на периодот на Студената војна, полковник Денизер изјави дека во 1990-тите години неговата земја го поддржала НАТО во преземањето на раководењето со клучните политики и Балканската криза и се вклучила во воените операции.

Денизер изјави дека Турција во 1994 година дала свој придонес во иницијативата ‘Партнерство за мир’ и потсети дека во тие рамки во 1998 година во Турција е отворен Образовен центар на партнерството за мир.

„По 11 септември НАТО за првпат излезе надвор од Европа и организираше операција во Авганистан. Турција даде свој придонес во голем број операции што НАТО ги организираше надвор од границите на Европа. НАТО има голема улога во безбедноста на Турција, а и Турција секогаш на најадекватен начин го исполнува својот дел од одговорноста што заедно со другите сојузници го дели во одбраната на заедничките вредности", рече Денизер.

„Во моментов, Турција е една од земјите кои даваат најголем придонес во операциите и мисиите на НАТО за поддршка на мирот и стабилноста на регионално и глобално ниво. Оваа поддршка ја дава со персонал од околу 2.000 лица. Под светлото на стратешкиот концепт на Алијансата, презема задачи во операциите за справување со кризите“, додаде тој.

- „Турција е земја која обезбедила најголем придонес во операциите и мисиите на НАТО“

Полковник Денизер истакна дека Турција е земја која ја поседува втората најголема војска во НАТО и една од земјите која дава најголем придонес во заедничките фондови и командните сили, додавајќи дека неговата земја е една од 5-те земји која во согласност со членот 5, има вооружени сили подготвени за војна, сили со борбена моќ и искуство, со модерна и технолошка опрема и земја која дала најголем придонес во операциите и мисиите на НАТО.

Информирајќи за значајниот придонес на Турција во безбедноста на Авганистан спроведена под капата на НАТО, полковник Денизер истакна:

„Турција во рамките на Мисијата за стабилна поддршка е земја која е одговорна за Кабул. Покрај тоа, од 2015 година навака, Турција е земја која е одговорна за раководењето и безбедноста на меѓународниот аеродром Хамид Карзаи во Кабул."

Денизер рече дека Турција во исто време е земја која со цел за понатамошно зајакнување на безбедносната ситуација во Косово и унапредување на политичкиот процес во таа земја, дава придонес во операциите на КФОР (Косовски сили) формирани од страна на НАТО.

„Оваа операција е од големо значење за стабилноста на Косово и регионот. Од друга страна, Турција дава свој придонес и во мисијата Алтеа (Althea) во Босна и Херцеговина и Образовната мисија на НАТО во Ирак", информираше Денизер.

Според него, Турција е и една од трите земји кои даваат најголем придонес во Постојани поморски сили на НАТО во Медитеранот и земја со најголема улога во Оперцијата на поморска стража која продолжува во Медитеранот.

„Овој придонес е поддржан и логистички од поморската база Аксаз. Турција со својата географска поставеност постојано е во фокусот на закана од илегални миграции и прикажува одлучна борба по тоа прашање. Во Егејското Море НАТО спроведува акции со цел спречување на илегалните миграции, а најголема заслуга во успешното намалување на илегалните миграции во тоа подрачје и припаѓа на Турција“, изјави Денизер.

- „Се планира учество во вежбите 2020“

Полковник Денизер рече дека Турција во рамките на „Акциониот план за подготовка“, покрај активната поддршка насочена за безбедносните мерки за Источна Европа, зема активно учество и во акциите на НАТО со цел Црното Море да остане море на мир и стабилност.

Додаде дека во тие рамки Турција презема лидерство во меѓународните и национални воени активности во Црното Море, меѓу кои и во Операцијата за хармонија во Црното Море, додавајќи дека суштински елементи се рамнотежата и одвраќањето.

Потсети дека во турскиот град Измир во минатото беше стационирана Командата на копнените сили на НАТО.

„Еден од деветте штабови на копнените сили со висока подготвеност во составнот на структурата на НАТО, Седиштето на корпусот на НАТО за брзо распределување (NRDC-TUR) се наоѓа во Истанбул. Таму се наоѓа и Командата на мултинационалниот центар за заедничко војување, која се користи и за вежби на НАТО. Во текот на 2019 година, Турските вооружени сили со персонал од 2.414 лица учествуваше во 23 вежби на НАТО. Во 3 од нив Турција беше домаќин. Се планира учество во вежбите на НАТО и во 2020 година“, рече Денизер.

Тој посочи дека Турција е дел од голем број проекти, како што се Планот за одбрана на НАТО на полето на воздухот, копното, морето и кибер просторот.

Освен тоа, како што посочи Денизер, во Турција се наоѓа Центарот за совршеност на борба против тероризмот, Мултинационален поморски безбедносен центар за совршеност и Образовен центар на партнерството за мир, во кои се спроведуваат активности, како што се семинари и обуки на земјите партнери, со блиски културни и историски односи, при што се дава придонес во взаемното разбирање на НАТО.

Денизер истакна дека Турција од 1952 година наваму е членка на НАТО, а алијансата одиграла важна улога во осигурувањето на безбедноста на земјата, посочувајќи дека Турција отсекогаш на најадекватен начин го исполнувала својот дел од одговорноста што заедно со другите сојузници го дели во одбраната на заедничките вредности и ќе продолжи да го прави тоа.

- „Никој не може да дискутира за нашите придонеси во НАТО“

Безбедносните извори, по состанокот во врска со тврдењата за „Резервниот безбедносен план на НАТО“ соопштија: „Во НАТО постојат процедури, постапки. Тие функционираат нормално, но неприфатлива е изјавата од видот „Турција уценува".

Потенцирајќи дека Турција дава значаен придонес во НАТО, овие извори истакнуваат: „Ние сме значајна сила на НАТО. Никој не може да расправа за нашиот придонес во НАТО. Географски се наоѓаме во Јужното крило на алијансата, но благодарение на придонесот што го дава, Турција се наоѓа точно во центарот на НАТО.“

На информативна средба, беше споделено и видео на тема формирањето на НАТО и придонесот на Турција во НАТО.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.