Турција

„Турските сили спречија 130 терористички напади досега оваа година“

„Турските антитерористички операции одлучно продолжуваат во координација со Министерството за внатрешни работи и Министерството за национална одбрана”, истакна портпаролот на турската АК Партија, Челик

Ali Kemal Akan   | 14.09.2021
„Турските сили спречија 130 терористички напади досега оваа година“

АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили спречија 130 терористички напади досега оваа година, вклучувајќи 126 од ПКК, три од ДАЕШ и еден од екстремно левичарска терористичка група, изјави портпаролот на турската Партија за правда и развој (АК Партија), Омер Челик, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Антитерористичките операции спроведени од страна на нашето Министерство за внатрешни работи продолжуваат во 15 региони. Слично, операциите на Пенс (Канџа) што ги започнаа Турските вооружени сили продолжуваат во северен Ирак“, рече Челик за новинарите за време на состанокот на Централниот извршен одбор на АК Партијата, предводен од претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во главниот град Анкара.

„Турските антитерористички операции одлучно продолжуваат во координација со Министерството за внатрешни работи и Министерството за национална одбрана”, рече Челик.

Во северен Ирак, Турција изврши серија офанзиви во рамките на операцијата „Канџа“ од 2019 година, заедно со три успешни антитерористички операции преку границата во северна Сирија од 2016 година: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК - наведена како терористичка организација од Турција, САД и Европската Унија - е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и доенчиња.

- Односите со Египет -

Нагласувајќи дека Турција го поздравува неодамнешниот процес за нормализација на односите со Египет, Челик рече: „Египет е еден од важните партнери на нашата земја. Со 21 лет неделно, „Туркиш ерлајнс“ има најголем број летови на африканскиот континент до Каиро. Во 2020 година, нашиот вкупен обем на трговија изнесуваше 4,85 милијарди долари.“

„Фактот дека вториот круг консултации меѓу делегациите на двете земји се одржа во Анкара, покажува дека отидовме чекор понатаму“, истакна тој.

Челик нагласи дека покрај билатералните односи, постојат и други прашања за кои треба да разговараат двете земји, вклучително и случувањата во Либија, Сирија, Ирак, Палестина и Источниот Медитеран.

Турција и Египет минатата среда ја завршија втората рунда истражувачки консултации со тоа што се согласија да ги продолжат преговорите.

Заедничката изјава на турското и египетското Министерство за надворешни работи подоцна ја потврди „желбата на двете страни да постигнат напредок во областите што се дискутираат и потребата од понатамошни чекори за да се олесни нормализацијата на нивните односи“.

- Авганистан

Челик рече дека Турција внимателно ја следи неодамнешната ситуација во Авганистан, особено случувањата во врска со човековите права и правата на жените.

„Турција изрази желба за формирање инклузивна влада во земјата“, рече тој.

Тој ја истакна потребата за појава на нова структура во земјата зафатена од војна, во која се застапени сите верски, етнички и локални сили.

Челик, исто така, ја повика меѓународната заедница да дејствува повнимателно, да не го остави Авганистан на судбината и да ја поддржи земјата за здрав транзициски период и појава на инклузивен владин модел.

Талибанците ја презедоа земјата разурната од војна во август и минатата недела објавија привремен кабинет од 33 членови.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.