Турција

„Турските Малдиви“ во 2020 година беа домаќини на над 800.000 посетители

Според информациите добиени од Гувернерството на Бурдур, минатата година и покрај епидемијата од новиот вид на коронавирус (Ковид-19), природното чудо, езерото „Салда“ го посетиле 800.000 туристи

Bilal Altıok   | 13.01.2021
„Турските Малдиви“ во 2020 година беа домаќини на над 800.000 посетители

БУРДУР 

Според информациите добиени од Гувернерството на Бурдур, минатата година и покрај епидемијата од новиот вид на коронавирус (Ковид-19), природното чудо, езерото „Салда“ го посетиле 800.000 туристи, јавува Агенција Анадолија (АА).

Езерото Салда, познато како „Турските Малдиви“ кој се наоѓа кај градот Бурдур, поради мерките преземени против епидемијата беше затворена 2,5 месеци. За посетителите беше отворен на 1 јуни. Во текот на летниот период езерото беше домаќин на голем број на посетители.

Поради големиот интерес, од 15 октомври влезот на езерото и плажата од регионот на „Белите острови“ беше затворен од Министерството за животна средина и урбанизација, заради заштита на езерото.

Во 2019 година 1.400.000 луѓе го посетија езерото Салда.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.